1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски кошули „мејд ин Виетнам“

Естер Бродерс8 декември 2008

Текстилното претпријатие Ван Лак веќе 15 години произведува во Виетнам. Луксузните кошули чинат и до 250 евра, а шнајдерките добиваат месечна плата од 120 долари - со што се презадоволни.

https://p.dw.com/p/GAN8
Фотографија: AP

Текстилното претпријатие Ван Лак беше основано во 1881 и веќе 127 години произведува во Германија. Покрај седиштето во Менхенгладбах, компанијата има уште 6 производни центри во странство, а од пред 15 години и во Виетнам. Сите производи се завршуваат таму, во самата фабрика. Вработени се околу 1.600 луѓе, од кои 500 во Ханој.

Од Виетнам кон целиот свет

China Textilindustrie Näherin in Peking
Рачно изработени луксузни кошули кои чинат и до 250 евраФотографија: AP

„Единствениот проблем, кога станува збор за нашите производи, е тоа што се ’навлекувате’ на нив. Тоа е единствениот недостаток“ - вели Кристијан фон Даниелс и со прстите благо поминува по една свилена блуза. Шефот на луксузниот производител на текстил, Ван Лак, стои на средината во една од производните хали на фабриката во Ханој. Околу него седат околу стотина работнички во долги редови, една позади друга. Ги кројат материјалите, ги шијат дупчињата за копчињата и овде, во Виетнам, произведуваат по околу 600 кошули, блузи или маици годишно, кои потоа се продаваат во целиот свет.

Луксузни кошули за 250 евра

Шнајдерките концентрирано ја вршат својата работа. Некои од нив кратко го креваат погледот кога шефот ќе помине покрај нив - други непрекинато работат. „Овде ги произведуваме т.н. рачно направени кошули. Тие се едни од најдобрите и највредните кошули што можете да ги најдете на пазарот“ - објаснува Фон Даниелс.

Во продавница ваква кошула ќе ве чини меѓу 180 и 250 евра. Луксузни кошули од куќата Ван Лак, мејд ин Виетнам. Успешна приказна со традиција. Во 1993 година, додека се` уште траеше американското ембарго, Ван Лак, во партнерство со една фирма од Виетнам, го отворија првото германско-виетнамско џоинт-венчр претрпијатие. Меѓутоа, од пред пет години филијалата во Виетнам е во 100-процентно сопствеништво на Ван Лак. А покрај фабриките во Виетнам, модната куќа поседува производни центри во Индонезија, како и четири во Тунис.

90% од вработените се жени

Vietnam Wirtschaft
Изградбата на фабриката во Ханои го чинеше Ван Лак 2.5 милиони евраФотографија: picture-alliance/ ZB

Компанијата во Ханој поседува површина од 10 илјади квадратни метри. Нејзиното средиште се двете огромни производни хали, во кои работните места се нижат едно позади друго. Моментално се вработени околу 515 лица, а трендот се зголемува. Најголемиот дел од работниците се жени, скоро 90%. Нив ги има дури и на водечките позиции. На пример, фабриката во Виетнам ја води жена. Дури и должностите на заменик-шеф се во женски раце - на госпоѓата Ханг. 50-годишната жена за време на ГДР студирала во Германија и за компанијата Ван Лак е од големо значење. Таа е дел од виетнамскиот погон уште од нејзиното отворање: „Мислам дека овде се работи многу слободно. Се разбира, добиваме голема поддршка од централата во Германија. Резултатите и квалитетот се доста солидни и затоа на сите ни е добро“ - вели Ханг.

Фон Даниелс: Плаќаме повеќе од другите

За да обезбеди врвен квалитет според меѓународни стандарди, претпријатието вработува само образовани кадри. Голем број од нив ги образува и самата фирма. Во изминативе 3 години повеќе од 350 лица ја поминале обуката за моден кројач во Ван Лак. Да се добие работа тука е големо достигнување - одново потенцира шефот на фирмата, Кристијан фон Даниелс.

Textilindustrie in China
Работните места се нижат едно зад другоФотографија: AP

„Во просек плаќаме 70 до 80 проценти повеќе од минималната плата, тоа се околу 120 долари месечно. Но, за да задржите добар работник, денес мора да платите и повеќе.“

120 долари нето на крајот на месецот, за 48 работни часови неделно. За шнајдерка во Виетнам тоа е одлично примање. Во моментов минималната плата во Виетнам е 65 долари. Покрај тоа, вработените добиваат бесплатен ручек во кантината, како и превоз со автобусите на фирмата.

Ван Лак поставува стандарди

Но, Кристијан Фон Даниелс е посебно горд на детската градинка во фабриката. Таму се згрижуваат околу 40 деца на возраст меѓу 1 и 3 години, додека нивните мајки шијат на машините. Има играчки, компјутер и две негувателки. Луксузни услови, и тоа не само за виетнамските стандарди. Ван Лак сака да биде урнек за другите претпријатија, вели Јан Нетер, раководител на Германската комора за надворешна трговија во Виетнам: „Се разбира дека претпријатие како Ван Лак ужива улога на пример и тоа не само за германските инвеститори, туку за сите што сакаат да инвестираат во Виетнам. Ван Лак чесно им плаќа на работниците, очекува тие чесно да работат и се грижи за нив.“

Работните места во Германија остануваат

China Textilindustrie Näherin in Peking
Шнајдерките добиваат по 120 долари плата за напорната работаФотографија: AP

Но и покрај ова, јасно е дека трошоците за производство се значително помали во Виетнам. Сепак, Ван Лак се оградува од критиките дека затвора работни места во Германија и ги преселува во земјите каде работната рака е поевтина: „Во Германија отворивме нови 150 работни места, сега имаме 230. Кое претпријатие има 70 проценти пораст на вработеноста во изминативе 5 години? Многу малку. Причината што отвораме филијали во странство е да ја зголемиме продажбата и профитот. Секогаш сум велел, ако не успееш дома, тешко дека ќе успееш на друго место.“