1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски новинари под истрага

3 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPSU

Седумнаесет германски новинари се под истрага во врска со објавувањето на тајни документи поврзани со антитерористичките активности на тајните служби. Под истрага се пет весници, меѓу нив Ди Велт, Дер Шпигел и Тагесшпигел. Станува збор за пренесување на информации во врска со повеќе случаи, меѓу нив и оној со германецот со либанско потекло Калед Ел Масри. Тој тврдеше дека во 2003 година бил киднапиран во Македонија и префрлен во затвор во Авганистан каде бил изложен на тортура.