1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет - треската по Даниел се` уште трае

8 јуни 2009

Листата на најпродаваните десет во Германија за оваа недела изгледа вака:

https://p.dw.com/p/I5Lu
Највисоко пласиран новитет оваа недела, новиот сингл на Швеѓаните А-ХаФотографија: dpa

1. Daniel Schuhmacher - Anything But Love

На првото место во Германија, се` уште трае треската по новата ѕвезда, Даниел Шумахер. Тој има 21 година и победи во шестата сезона на германското шоу за таленти „Германија бара суперѕвезда“, што преку ноќ му донесе статус на суперѕвезда.

DSDS Sieger Daniel Schuhmacher.jpg
Треската по Даниел се` уште траеФотографија: ap

2. Lady Gaga - Poker Face

3. A-Ha - Foot On The Mountain (новитет)

Foot On The Mountain e новиот, деветти студиски албум на А-Ха, бендот кој славата ја стекна во осумдесеттите, а успешната кариера ја продолжи и во наредните години. Членовите велат дека на новиот албум се враќаат на синт-поп стилот, кој беше карактеристичен за нивната работа пред дваесетина години. Тоа им се допадна на Германците и А-Ха влегуваат како новитет на местото број три.

4. Milow - Ayo Technology

5. QueensBerry - Too Young (новитет)

QueensBerry се краен резултат на уште едно германско шоу за таленти, а ова е веќе нивниот втор официјален сингл - Too Young, од местото број пет како новитет меѓу најдобрите десет.

30.05.2009 DW-TV Kultur.21 Sportfreunde Stiller
Sportfreunde Stiller, првиот бенд што сними анплагд албум за MTV

6. Black Eyed Peas - Boom Boom Pow

7. Mark Medlock - Mamacita

8. Alexander Rybak - Fairytale

9. Sportfreunde Stiller - Ein Kompliment

Sportfreunde Stiller се формирани во 1996 година, во Гремеринг крај Минхен. Инаку Sportfreunde Stiller е првиот германски бенд што снимил анплагд концерт за MTV, од кој подоцна излезе и албумот MTV Unplugged in New York.

10. Beyonce - Halo

Од останатите новитети ги издвојуваме:

Grammys für U2
Новиот сингл на U2 помина подобро во Германија, отколку во В. БританијаФотографија: AP

12. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Емилијана Торини доаѓа од Исланд и е најпозната по албумот од 1999 година, Love In The Time Of Silence. Синглот Jungle Drum го освои првото место на листите во Исланд и Белгија, а во Германија влегува како новитет на местото број 12.

25. U2 - Magnificent

Magnificent е вториот официјален сингл од албумот No Line On The Horizon. Инаку на Британската листа на најпродавани синглови Magnificent се најде само на 42 место. Причината за ова е што бендот не го издаде синглот во дигитална форма, што уште еднаш покажува дека електронското купување на музика е се` позастапено.