1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

22 јуни 2009

Меѓу врвните десет позиции нема новитети, но затоа има промени на првата позиција.

https://p.dw.com/p/IWJ3
Најголем скок на топ листата за Емилијана ТориниФотографија: dpa/PA

Врвните десет во Германија ги отвора Mark Medlock со Mamacita од местото број десет, а веднаш над него следува новиот сингл на бендот A-HA, насловен Foot Of The Mountain.

Швеѓаните А-НА првпат се оформија во 1982 година, а се расформираа во 1994. Четири години подоцна повторно се вратија на музичката сцена, а оваа 2009 го издаваат деветтиот по ред студиски албум, Foot Of The Mountain.

На осмата позиција на германскиот топ десет продолжува е Александар Рибак и Fairytale, а на седмото место - германскиот состав Queensberry и нивниот трет официјален сингл, насловен Too Young.

Шестото место е резервирано за Black Eyed Peas и Boom Boom Pow, додека позицијата пет е резервирана зa Milow и Ayo Technology.

На четврото место на листата на најпродавани синглови во Германија, неделава се Cassandra Steen и Adel Tawil со темата Stadt.

Касандра Стин е родена во 1980 година, а славата ја стекна како дел од триото Гласхаус. Соло-кариерата ја почна во 2003 со албумот Seele mit Herz, a оваа 2009 го издава и второто студиско остварување, плочата Darum leben wir.

На третата позиција, неделава се најде шампионот од минатите три недели. Даниел Шумахер и Anything But Love. Новата германска суперѕвезда, Даниел Шумахер, не успеа четврта недела по ред да го одбрани тронот на листата од најпродаваните синглови во Германија.

На второто место неделава за цели осум позиции се искачува Emilianna Torini со Jungle Drum и конечно, по три недели поминати подолу на листата, Лејди Гага повторно се враќа на врвот со Poker Face.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска