1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

19 октомври 2009

Ова се најпродаваните десет синглови за оваа недела во Германија:

https://p.dw.com/p/KACr
Новитет меѓу најдобрите десетФотографија: dpa

1. Lady Gaga - Paparazzi

Ексцентричната пејачка која неделава го освои врвот во Германија неодамна имаше еден за неа невообичаено чуден настап и тоа ни помалку ни повеќе, туку пред американскиот претседател Барак Обама. Тој самиот ја најави по завршувањето на неговиот говор по повод кампањата за човекови права, а таа се појави во соодветен аутфит - црн фустан и очила за сонце во стилот на Џон Ленон. За настапот пред претседателот го одбра хитот на Beatles, Imagine, иако со малку променет текст.

2. David Guetta feat. Akon - Sexy Chick

3. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

4. Rammstein - Pussy

5. Agnes - Release Me

Agnes Carlsson
Agnes Carlson - новиот шведски поп-извозФотографија: picture-alliance / Jazz Archiv

Уште еден извозен продукт од земјата на поп-музиката, Шведска. Agnes Carlson е нејзиното целосно име, а во татковината стана позната откако во 2005 година победи на шведското издание на Pop Idol. Оттогаш има издадено три албуми, меѓу кои и актуелниот со наслов Dance Love Pop. Со синглот Release Me, Agnes се проби и на меѓународната музичка сцена, а во Велика Британија дебитираше на третото место.

6. Gossip - Heavy Cross

Тоа што за другите ѕвезди би претставувало вистински кошмар, за Beth Ditto e препознатлив знак - нејзината прекумерна тежина. Тоа не беше пречка дизајнерот Carl Lagerfeld, кој е познат како фанатик по ултра-тенките модели, да ја прогласи Beth Ditto за своја муза. Сепак, на еден концерт во Бостон, пејачката се појави подебела од кога и да е порано, а нејзините фанови стравуваат дека прекумерната тежина може да доведе до здравствени проблеми.

The Gossip
Beth Ditto на настап со нејзиниот бенд The GossipФотографија: picture-alliance / Newscom

7. Shakira - She Wolf

8. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

9. Madonna - Celebration

Кога минатата година се разведе од британскиот режисер Guy Ritchie, Madonna не изгледаше како многу да страда по сопругот. Меѓутоа, за британскиот весник „The Sun“, пејачката изјави дека поминувала низ многу тежок период. Eдинственото што ја спасило минатата година е работата. „Многу сум благодарна што можам да го работам она што го работам“, изјавила пејачката за весникот. Madonna беше во брак со британскиот режисер Guy Ritchie од 2000 до 2008 година.

10. Bon Jovi - We Weren't Born To Follow

We Weren't Born To Follow е новиот сингл од единаесеттиот студиски албум на Bon Jovi, кој се очекува да пристигне во музичките продавници на 10 ноември под наслов The Circle. Инаку бендот е формиран во 1983 година и досега имаат продадено преку 120 милиони албуми ширум светот.

Автор: Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска