1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германското стопанство бара од владата поостар курс на штедење

СН/АМ/дпа/дапд24 април 2012

Поради европската должничка криза неопходно е преминување на политика практично без нови задолжувања, аргументираат стопанствениците во Германија.

https://p.dw.com/p/14jxN
Фотографија: picture-alliance / dpa

Германското стопанство бара од владата поостар курс на штедење. Поради европската должничка криза неопходно е преминување на политика практично без нови задолжувања, се вели во писмото на претседателот на Германската индустриска и трговска комора Хајнрих Дрифтман до канцеларката Ангела Меркел.

Во писмото, кое го цитира весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Дрифтман наведува: „Кризата на државните финансии во Европа и во Америка јасно покажува колку многу долго, во голем број западни демократии, се правеле погрешни политички компромиси финансирани со задолжување. Сега се потребни реформи за поголема конкурентност и помалку задолжувања во Европа. А, и ние во Германија мораме да научиме дека демократијата може да функционира и без нови долгови. Санација на буџетот е итно потребна “, стои во писмото на Дрифтман до канцеларката Меркел.