1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германско италијански консултации

20 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CPZ8

Германија и Италија ќе побараат свикување на нова конференција за обнова на Авганистан. Како пример може да биде искористена конференцијата во Лондон од 2006 година, е нагласено на германско италијанските консултации во Месебург. За овие размислувања сеуште не е разговарано со останатите земји. На консултациите покрај канцеларкарта Ангела Меркел и италијанскиот премиер Романо Проди, присутни се и министрите за надворешни работи и други членови на владините кабинети од двете земји.