1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германско-кинески економски бум

5 мај 2004

Неколку дена кинескиот премиер Вен Џијабао како прв менаџер на својата земја учествуваше во потпишувањето на дузина договори во полза на германското стопанство што ги подвлекува добрите економски односи меѓу двете земји

https://p.dw.com/p/AeRO
Џијабао во Германија
Џијабао во ГерманијаФотографија: AP

Германија инаку, е најголемиот трговски партнер на Кина меѓу земјите на Европската унија.

“Јас сум човек кој радо ги изразува своите мисли преку бројки“.

Кинескиот премиер, на функција само една година, за време на првата официјална посета на Германија наброја едн куп бројки и изнесе една размисла: германско-кинеските трговски односи се одвиваат добро, меѓутоа, може да биде уште подобро.Ова мислење го споделува и канцеларот Герхард Шредер. Во минатата година трговскиот волумен меѓу Кина и Германија изнесуваше скоро 42 милијарди евра. Тоа е пораст од 50 насто во споредба со 2002. Трговијата во првиот квартал од ова година порасна пак, за една третина во однос на претходниот од минатата. Успех што го радува шефот на Сименс, Хајнрих фон Пирер, кој истовремено е претседател на азиско-пацифичкиот одбор на германското стопанство:

“Веќе 20 години ги доживувам промените што ги прави Кина. Сега се однесуваат како ние во западниот свет. Станати се поотворени и потрансапрентни. Она што е посебно впечатливо е како кинескиот премиер ја штити духовната сопственост. Тоа секогаш беше желба на западниот свет, секако и на германската индустрија“.

Причина е што Кина е рај за копии. За нецело евро се купува ЦеДе со софтвер или музика. Сега се треба да биде поинаку. Премирот Вен има намера да спроведе далеку поостри мерки и казни против ваквите крадци. Работата меѓу полицијата, јавнот обвинителство, судството и царината треба да ја координира еден заменик-премиер. Тоа е добра претпоставка за трансфер на високата технологија што ја бара Кина. Таа сака сосема да го смени имиџот на светска фабрика. Кога порано ќе се видеа ефтин текстил, чевли или играчки, се помислуваше на Кина. Трансрапид треба да претстави нова слика за земјата, еден пример на високо-технолошки производ на германско-кинеската соработка. Канцеларот Шредер е убеден:

"Нашите кинески партнери можат да сметаат на тоа дека сме подготвени да трансферираме висока технологија и да им ја ставиме на располагање на нашите партнери. Оваа готовност, со оглед на острата конкуренција во светот, не е нешто што се разбира само по себе. Тоа подразбира обата партнера долгорочно и подеднакво да партиципираат во успехот“.

Добри примери за тоа се концернот Фолксваген и Сименс. Меѓутоа, повеќето средни фирми од Германија таму имаат само загуби, соопштува германската трговска и индустриска комора во Пекинг. Обратно, патиштата за приватните фирми од Кина кон Европа се долги и тешки. Дома во секој случај се активен елемент во економијата. Но, тешко им е да стигнат до Европа. Германските градови како Диселдорф, Хамбург или Франкфурт воведоа олеснувања за кинеските фирми за да се етаблираат. На пример, еден месец бесплатен стан или посредништво на преведувачи и даночни советници. Но, само ако на обете страни им успее активно да учествуваат во економскиот живот во другата земја, дури тогаш може да се зборува за успешна соработка.