1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германско-руска железничка фирма

25 јуни 2007

Германската железница е со намера да го шири бизнисот со товарниот сообраќај кон Источна Европа и Азија. Од тие причини заедно со руската железница деновиве беше формирана заедничка логистичка фирма.

https://p.dw.com/p/B1rY
На шини е поефтино отколку со авиони или бродовиФотографија: AP

Се формира заедничка фирма со 50 насто руско и 50 насто германско учество што треба да го интензивира железничкиот транспорт на стоки меѓу Европа и Русија:

„Мислам дека токму сега железниците можат да играат огромна улога во транспорот на стоки, посебно со оглед на проблемите во екологијата и безбедноста што предизвикуваат загриженост во јавноста„.

Владимир Јакутин, господар на преку 85 илјади километри шини и на милион и 300 илјади вработени е моќен човек во Русија. Неговото име се почесто се наоѓа на листата потенцијални наследници на претседателот Путин. Веќе сега руската железница транспортира 80 проценти од сите стоки во Русија - во тоа не се вброени нафтоводите. Ако така продолжи, смета Медорн, многу бргу е можно зголемување. Меѓу Европа и Русија веќе сега се пренесуваат 300 милиони тони стоки, а само извозот од Германија во првото полугодие порасна за 30 проценти:

„Ова е фифти фифти џоинт венчр фирма со седиште во Москва. Ќе имаме интергриран менаџмент, а допрва треба да решиме кој ќе биде првиот шеф. Но, тоа нема да биде никаков проблем„.

Почетниот капитал ќе изнесува милион евра. Медорн соопштува:

„Нашиот план е во оваа година заедно да траспортираме уште 34 илјади контејнери. Имаме потенцијал ова во наредните години да го удвоиме или тројно да го зголемиме„.

Но, ни тоа не е доволно. Јакунин и Медорн пред очи го имаат кинескиот пазар од кој годинава ќе пристигнат 60 милиони тони стоки:

„Русија е поврзница меѓу Европа и Азија. Руската железница, со нејзината енормна големина и услужни можности, нуди огромна шанса, стоките од автопатиштата да се префрлат на шини што е еколошки поволно и поефтино„.

Подоцна и на Кинезите ќе им се понуди влез во фирмата, зашто траспортот преку шини е многу поефтин од авионскиот, а со 18 до 21 ден, побрз од бродскиот кој трае меѓу 30 и 35 дена.