1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците ги откажуваат аранжманите во Грција

БГ/ројтерс22 мај 2012

Нови лоши вести за осакатената грчка економија пристигнуваат од германските тур-оператери. Аранжманите за летување во Грција се намалени за 30 проценти во однос на лани.

https://p.dw.com/p/1501F
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache

Извештаите за отворена нетрпеливост, па дури и напади врз Германци, поради острите мерки за штедење кои ги бара германската канцеларка Ангела Меркел во замена за новите кредити, ги одвраќа најголемите светски потрошувачи од летување во медитеранската земја, пишува агенцијата Ројтерс.

Ер Берлин, втората по големина германска авиокомпанија, и групацијата РЕВЕ соопштија дека резервациите за летување во Грција паднале за 30 проценти во однос на минатата година.

Туризмот е основен извор на приходи за Грција и на него отпаѓа околу една петина од бруто-домашниот производ на земјата.

„На туризмот во Грција му оди многу лошо, речиси исто како и на Северна Африка“, изјави шефот на Ер Берлин Хартмут Мехдорн.

Првиот човек на туристичкиот оддел на РЕВЕ Норберт Фибих вели дека Германците се’ повеќе се одлучуваат да го минат годишниот одмор во Турција, а зголемен е интересот и за Шпанија.

Другите големи туристички компании како ТУИ и германското претставништво на Томас Кук веќе најавија специјални попусти и понуди за туристите, со цел да го намалат драматичниот пад на побарувачката за Грција.