1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците и Французите: сцени од еден брак

Сабине Хартерт Мојдехи/ Александра Трајковска 29 април 2012

Постојаност од оваа страна на Рајна, леснотија од другата страна на Рајна. Овие карактеристики се надополнуваат и ги заживуваат германско-француските односи. Дали Германија и Франција се „couple idéal“ тим на Европа?

https://p.dw.com/p/14ltB
Фотографија: picture-alliance/dpa/dapd/DW

Кога на Паскал Тибот му се јавува носталгија кон татковината, иако ретко, тогаш оди во една француска стоковна куќа во Берлин, во одделот за прехранбени производи. Само на тоа место во Берлин може да се најдат слатките од детството, вели новинарот, кој веќе 20 години живее во Берлин. На пладне таму може и да се прегризе и ужина - типичните француски јадења. Тибот со ова потврдува едно од класичните германски клишеа за Французите и Франција: добрата храна, вкусното сирење и виното се ценат многу, а во Франција се живее како Господ. Ова ведаш го кажува и Селин Каро, кога ќе помисили што ја први Франција толку атрактивна за Германците. „Франција ја бие глас дека е земја на гастрономијата“. Таа веќе десет години живее во Германија и работи за една политичка фондација. Се’ уште добро се сеќава на реакциите кога одлучи да студира во Германија: таму е здодевно мислеа многумина. „Сега сум во Берлин и Французите се воодушевени. Берлин во моментов е најубавиот главен град во Европа“.

Кога бон-тонот ќе стане секојдневие

За Германците напротив Париз е град од соништата, оти таму се пронаоѓа „леснотијата на живеењето“, вели Паскал Тибот. За Томас Борк, кој веќе осум години со семејството живее во Париз и работи за една меѓународна фирма, за тоа е виновен позитивниот имиџ што го ужива Франција. Но, кога ќе помине туристичката бон-тон фаза, и тука се влегува во работното секојдневието. А, тоа секако е поинакво отколку во Германија: „Германците се ориентират според плановите“, вели тој и дополнува дека француските претпријатија одвреме - навреме имаат проблeми при имплементацијата, но затоа се многу силни во иновацијата, креативноста и во стратегиското планирање. Во овие области секако дека може да се учи од Французите. Каро која работи во Берлин, пак, го цени отворениот однос во германското работно секојдневие, структурната комуникација и организираната работна атмосфера. Таа лично сепак се’ уште е Французинка и повеќе работи спонтано.

Symbolbild Deutsch-französische Freundschaft
Здравица за германско-француските односиФотографија: dpa

Дали се тоа разликите: овде „рационалните“ луѓе, таму „емотивните“? Ваквата проценка за Кристиане Дусен, директорка на фондацијата Хајнрих Хајне во Париз е паушална. Во професијата Германците понекогаш се посигурни и попеданти, Французите се поспонтани. Но, таа не гледа дека Германците се поефикасни. За Дусен токму разликите меѓу Германците и Французите се она што придвижува многу работи во Европа: „ Двете страни изворедно се надополнуваат“. Но, тоа беше секогаш така.

Вечните непријатели прераснаа во мотор во Европа

Германско-француските односи се многуслојни. Тие минаа низ повеќе историски турбуленции. На пример, војната од 1870/71 или Првата и Втората светска војна постојано поттикнуваа недоверба кон соседот од двете страни на Рајна. Меѓутоа германско-француското помирување по крајот на Втората светска војна се смета за пример во Европа. „Не само благодарејќи на Конрад Аденауер и Шарл де Гол постои оваа комуникација меѓу нашите земји, која придонесе со текот на годините тие врски да се продлабочат“, подвлекува Селин Каро.

Szene aus dem deutsch-französischen Krieg 1870/71
Во вoјната од 1870/71 огорчени непријатели...Фотографија: picture-alliance/dpa

Двете земји сфатија дека за нив е подобро „заедно, отколку одвоено“. Елисејскиот договор од 1963 година го институционализира помирувањето меѓу двете земји. Петра Зигмунд портпарол на германската амбасада во Париз е фасцинирана од развојот на меѓубсените односи: „Вредноста на германско-француските односи е во тоа што приоѓаме едни на други, и покрај тоа што по многу прашања инстинктивно поинаку размислуваме“. Потрагата по компромиси е интензивна политичка работа, но на крајот резултатот секогаш е германско-француски. Истовремено не треба да се заборави дека ваквиот пристап во Европа служи за пример, подвлекува Зигмунд. Но, „секоја земја има своја политичка култура и своја историја“, вели Зигмунд и како да зборува од срцето на многумина Французи за кои демонстрантивното признание на нивниот претседател Никола Саркози за германската успешна приказна оди предалеку.

Респект, но не и љубов...

Германско-француските односи се стабилни, сепак двете страни имаат свои интереси и истите ги бранат. Германската амбасада во Париз иницираше анкета за да добие повеќе информации како Французите гледаат на Германија. Според неа повеќе од 80 проценти од Французите имаат позитивно мислење за Германија. Според мислењето на Тибот тоа сепак не е идеализираниот поглед, каков што честопати се наоѓа кај франкфоните Германци.

Deutschland Frankreich Bundeskanzlerin Angela Merkel und Präsident Nicolas Sarkozy
... денес рамноправни партнериФотографија: dapd

„Во Франција од една страна постои фасцинација за успесите на германската економија, но и одередена љубомора, оти економските резултите на Франција не секогаш се толку добри“. Борк има слично мислење и уверен е дека Французите ја почитуваат Германија, но не ја сакаат. За директорката на фондацијата Хајнрих Хајне меѓусебниот респект е особено важен - и покрај конкуренцијата и чувството за помала вредност. Тоа е една вечна константа во германско-француските односи, која не треба да се драматизира.

... но сепак голем интерес

Многумина Французи се занимаваат со нивнитиот историски не така лесен сосед Германија, дали во политката, економијата или културата. Тие сакаат, вели една портпаролка во германската амбасада во Париз, да знаат „како функционира оваа Германија“. И обратно, секогаш се прават обиди да се разбере Франција.

Фундаментот за тоа е размената и меѓусебното запознавање на сите нивоа на општеството, небројните збратимени градови и активностите на германско-француската младина се само примери за тоа. Кога на овој начин се градат пријателства тогаш односите на Германците кон нивниот автомобил или карневалот кај Французите предизвикуваат насмевка, а Германците повеќе не се чудат за големите прослави за Националниот празник.

Паскал Тибот, ги заврши набавките во берлинската стоковна куќа и на брзина ручаше. „Заедно или одвоено?“ прашува келнерот кога ја носи сметката. Прашање кое никогаш нема да го постави еден француски келнер.