1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците не штедат

26 јануари 2012

Германските консументи оптимистички гледаат на иднината и купуваат. Здружението за истражување на потрошувачката оценува дека во тренд се поголеми инвестиции.

https://p.dw.com/p/13q6s
Фотографија: AP

Германците купуваат и купуваат - најрадо работи кои траат подолго - нова кујна на пример или автомобил, можеби дури и сопствен стан.

„Стабилната состојба на пазарот на трудот и поволните изгледи за конјунктурата се многу важен фактор за расположението на потрошувачите и економскиот раст во Германија. Со оглед на тоа што се очекува пад на стапката на инфлација, се зајакнува куповната моќ со што се стимулира желбата за купување“, вели Ролф Биркл, задолжен за истражување на пазарот во Здружението за истражување на потрошувачката.

Кон ова се надоворзуваат историски ниските камати за заштедите. Во моментов, едноставно не се исплаќа парите да се однесат во банка.

За економијата, одлуката на многу потрошувачи парите да ги инвестираат во производи би можело да значи спас. Имено, побарувачката од странство опаѓа - изминатите две години пред се’ извозот го поттикнуваше конјуктурниот развој во Германија. „Потрошувачката ќе стане важен столб за економскиот развој годинава и ќе спречи Германија да западне во рецесија“, подвлекува Биркл.

Оваа проценка се совпаѓа со последната прогноза на германската влада, која предвидува продолжување на позитивниот тренд на вработувањето во Германија. Оттука, сметката е едноставна: кој не се плаши дека наскоро би можел да ја загуби работата, охрабрен е и за поголеми набавки.

Прилогот можете да го погледнете како Видео на денот.

Автор: Соња Шок / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска