1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците плаќаат во просек над 30 евра за работен час

ЖА/АТ/дапд/дпа24 април 2012

Германските работодавачи кај платите мора да посегнат подлабоко во џебот отколку поголем дел од конкурентите во другите земји од ЕУ.

https://p.dw.com/p/14kDa
Фотографија: picture-alliance/dpa

Трошоците за работната сила во Германија се доста повисоки отколку во другите европски земји. За еден работен час работодавачите во приватното стопанство во Германија плаќале лани во просек 30,1 евро, соопшти денеска Сојузната служба за статистика.

Со тоа овие трошоци се за една третина над просекот во ЕУ. Во 27-те членки на Унијата во просек за работен час се плаќале 22,8 евра.

Инаку, Германија е на седмо место според чинењето на час работа. „Рекордери“ се белгиските работодавачи, кои плаќаат во просек 39,30 евра на час, додека најмладите земји членки се на другиот крај на табелата-Романија со 4,50 евра и Бугарија со 3,50 евра за работен час.

Затоа пак во Германија давачките на платите се релативно нисkи. На 100 евра бруто заработувачка германските работодавачи плаќаат дополнителни 28 евра за социјални давачки. Тоа е помалку отколку во од кризата погодената Шпанија (37 евра) или Грција (29 евра). Просекот во ЕУ е 32 евра. Највисоки давачки на платите се плаќаат во Шведска-52 евра на сто евра бруто заработувачка.