1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците работат подолго

12 септември 2011

Германците, според една студија на институтот Работа и Квалификации на универзитетот Дуизбург-Есен, работат повторно исто толку долго како и пред економската криза.

https://p.dw.com/p/12Tkv
Фотографија: picture alliance/dpa

Во првата половина на 2011 година, според студијата на институтот Работа и Квалификации, вработените со полно работно време повторно го достигнале волуменот на работа како во третиот квартал од 2008 година, пред избувнувањето на економската криза. Вработените, во просек, работеле повторно 41 час неделно, односно еденипол час повеќе отколку во текот на кризата.

Особено големи се отстапувањата во металната и електро-индустријата, со разлика до три работни часови. Продолжувањето на работното време, меѓутоа, спречило нови вработувања. Синдикатот на металците, ИГ Метал, како реакција на ваквите податоци, од работодавачите во браншата бара повеќе вработувања на неограничено време. „Во претпријатијата има доволно работа. За вработените работното време е повторно продолжено по кризата“, изјави Хелга Швицер, член на претседателството на синдикатот. Време е за стабилни работни места, наместо постојано продолжување на работното време и лошо вработување, оценува синдикатот.

Автор: ЕМФ/ дпа

Редактор: Александра Трајковска