1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците читаат слабо, а сметаат средно добро

ЕМФ/дв/ард8 октомври 2013

Возрасните Германци во читање, сметање и ракување со компјутер, во меѓународни рамки, се во средина. На врвот се Јапонците и Финците, се вели во најновата студија на ОЕЦД.

https://p.dw.com/p/19wB4
Фотографија: Adrian Hillman - Fotolia.com

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) направи споредбена студија во сферата на образованието (ПИААЦ) во 24 индустриски држави, со која опфати лица на возраст од 16 до 65 години. Таканаречената ПИСА-студија за возрасни покажа дека Германците се во средината, како во делот на читање и разбирање текстови, така и во делот на едноставно сметање. Студијата ги оценува и способностите за ракување на возрасните со компјутер и покажува дека 27 проценти од тестираните Германци воопшто немале искуство со компјутери или не биле во состојба да се снајдат со едноставни барања. На пример, 12,6 проценти од тестираните лица не знаеле како се употребува компјутерскиот маус.

Symbolbild Bücherstapel
Најдобри се Јапонците и ФинцитеФотографија: picture-alliance/dpa

Студијата на ОЕЦД покажа дека најдобри резултати постигнуваат Јапонците и Финците, односно нивното знаење е подобро од знаењето на германските возрасни за четири до пет училишни години. Инаку, слично како и кај студијата ПИСА за деца, и студијата за возрасни покажа дека има голема поврзаност на образовниот успех и социјалното потекло. Лицата чии родители немале завршено матура или друг занает и квалификација, освојувале во просек по 54 бода помалку од лицата чии родители, или барем едниот родител, имале универзитетска диплома или се висококвалификувани работници. Исто така, студијата покажа голема разлика во резултатите меѓу припадниците на различните старосни групи. Најдобри резултати има групата лица на возраст од 25 до 34 години.