1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гермаснки реакции за европскиот буџет

18 декември 2005

По тешките преговори лидерите на земјите членки на ЕУ постигнаа компромис околу централниот спор: британскиот рабат и подоцнежна реформа на финансиите на ЕУ. Одлуката од Брисел во Германија наиде претежно на позитивно ехо и во редовите на опозицијата.

https://p.dw.com/p/AeNB
Меркел на самитот во Брисел
Меркел на самитот во БриселФотографија: AP

За Германија како голем нето плаќач, компромисот, според зборовите на канцеларката Меркел, претставува финансиско растоварување. Сојузната канцеларка успеа да издејствува дополнителни средства од околу 300 милиони евра за источно гермаснките покраини и за баварските погранични региони. На почетокот Блер имаше предвидено уште 100 милиони евра за Германија, но Меркел во последната преговарачка рунда и ги отстапи овие пари на Полска

„Верувам дека ова е добар гест, ако размислиме какква есенцијална природа, имаат гермаснко полските односи.“

И покрај нискиот износ на среддствата за унапредување за источно германските покраини, одлуката од Брисел наиде на позитивно ехо во Германија. Премиерите на покраините ги поздравија одлките. Баварскиот премиер Штојбер притоа истакна

„Ова со сигурност е изворедно достигнување за респект на Ангела Меркел, компромисот да се постигне и пред се бидејќи посредуваше меѓу Блер и Ширак“

Признание за постигнатот стигнува и од редовите на опозицијата, Ренате Кинаст, претседател на фракцијата на зелените во Бундестагот рече:

„Јасно беше дека компромисот мора да лежи меѓу предлогот на Јункер и предлогот на Тони Блер, таа според мене тоа суверено го направи.“ рече Кинаст

Наспроти ова критика на одлуките од Брисел стигна од редовите на либералите. Претседателот на партијата Гидо Вестервеле истакна

„Лошо е, што буџетот со неговите структури не е пренасочен на иднината. Во Европа и натаму непроменливо многу ќе се дава во сувбевнвции.“

Матијас Плацек пак претседателот на социјадемократите смета дека е направен напредок

„На овој начин сме мал чекорт напред, но за истокот на Германија ќе мораме да сториме уште.“ рече Палацек, партискиот претседател на СПД.