Гејтс бара помош од азиските држави против тероризмот
2 јуни 2007Реклама
Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс побара поголема поддршка од азиските земји во борбата против тероризмот.На конференцијата за безбедност во Сингапур тој рече дека ниедна земја не може сама да се справи со предизвиците што произлегуваат од активноста на терористите и нивните радикални идеологии.Гејтс побара поголема помош за Авганистан.Утре на конференцијата ќе зборува германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг.