1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гејтс: воена акција против Иран и понатаму е опција

21 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CPq4

Евентуална воена акција против Иран и понатаму останува опција, ако Техеран продолжи да ја развива нуклерната програма, изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. Министерот појасни дека не се бара промена на власта во земјата, туку „режимот во Иран да се натера да го промени однесувањето и политиката“. Гејтс кој досега инсистираше на дипломатија и користење на економски санкции за Иран, сега вели дека САД мора да ги има отворено сите опции.