1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гејтс убедлив пред Сенатот

6 декември 2006

Новоименуваниот американски министер за одбрана, Роберт Гејтс за време на неговото претставување во Сенатото на САД не исклучи промена на стратегијата во Ирак. Гејтс рече дека САД за подолг временски период би морале воено да бидат присутни во Ирак, но во даден случај со значително помал број војници.

https://p.dw.com/p/Ac19
Роберт Гејтс
Роберт ГејтсФотографија: AP

Уште во неговото воведно излагање Гејтс стави до знаење дека му е јасно, што во момeнтов се случува во Ирак „Развојот во Ирак, во наредните година, две ќе остави белег врз целиот Среден и Блиски исток, а долги години ќе има влијание и врз светската политика. “

63 годишниот Гејтс, поранешен шеф на ЦИА и претседател на универзитетот во Тексас на неговото сослушување зборуваше отворено. Тој призна стратегиски грешки на американската влада во Ирак, како на пример фактот, дека за смирување на земјата не се испртени доволно трупи во Ирак.

За актуелната состојба за време на сослушувањето во Сенатот дојде до следнава дискусија меѓу сенаторот од редовите на Републиканците Џон Мекејн и именуваниот министер Роберт Гејтс „Точно ли е дека во моментов во Ирак не победуваме? Да, сенаторе. Тоа е мој став за работите. И затоа е точен бидејќи не е прифатлив статус кво? Тое е точно Ср.“

Гејтс кој беше член и на комисјата за Ирак, формирана од страна на Конгресот најави дека при промената на стратегијата во Ирак ќе треба да се испитаат сите можни опции, но тој и најави дека САД уште подолг период би морале воено да се ангажираат во Ирак „Јасно е: Иако една променета стратегија усвоена од претседателот, како и да изгледа, функционира мораме и натаму да ја подржуваме ирачката војска. Тоа би можело да трае подолго, но би можело да се изведе со значително помалку трупи отколку што во моментов има во Ирак.“

САД во Ирак имаат стационирано 140.000 војници. Гејтс вети дека ќе соработува со Kонгресот за да се спречи цитат: „Ирак да се остави во хаос“. Тој најави дека како министер ќе го има независно мислење кое ќе го кажува во јавноста и пред претседателот.

Се очекува целиот Сенат да гласа за именувањето на Роберт Гејтс за американски министер за одбрана од страна на претседателот Џорџ Буш.