1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласањето за Косово одложено за шест месеци

8 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/ApG7

Лидерите на Г8 на самитот во Хајлигендам постигнале согласност за одложување на гласањето на резолуцијата за идниот статус на Косово во советот за безбедност. Францускиот претседател Николас Саркози изјави дека на учесниците на самитот им предложил дополнителни шест месеци за разгледување на прашањето. Саркози побара од рускиот претседател Владимир Путин да ја признае неминовната иднина на покраината. Српскиот премиер Воислав Коштуница воочи утрешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петерсбург, изјави дека е време да се покренат нови идеи за нови преговори за разумно решение за статусот на Косово. Коштуница смета дека разговорите со Путин во рамки на економската конференција која денеска започнува во овој град се од огромно значење за Србија.