1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гласањето за Уставот во Египет засенето од немири

АТ/ дпа/ афп/ ртр14 јануари 2014

Речиси 53 милиoни Египќани се повикани на референдум да гласаат за новиот Устав - третпат по падот на Мубарак. Гласањето меѓутоа е засенето од насилни судири.

https://p.dw.com/p/1AqIW
Фотографија: Khaled Desouki/AFP/Getty Images

На почетокот на дводневниот реферндум за Уставот едно лице загина во судирите меѓу силите за безбедност и приврзаниците на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси, соборен од власт летото 2013 година. Немирите, според полициски извори избиле во близина на еден изборен локал во Бани Свеиф јужно од Каиро.

Истовремено пред зградата на судот во Каиро експлодираше бомба. Полицијата соопшти дека била причинета материјална штета. Кој е одговорен за нападот, засега е непознато. По соборувањето на Мурси постојано се случуваат напади врз властите и силите за безбедност, а одговорни најчесто се исламистички групи.

Армијата ја зацврстува позицијата

Новиот предлог Устав содржи повеќе права за граѓаните. Но, критичарите забележуваат дека тој е помалку во знакот на изградба на демократска и модерна држава, а многу повеќе служел за зајакнување на моќната позиција на армијата и нејзиното влијание врз политиката.

Раководителот на фондацијата Фридрих Науман во Каиро, Роналд Мајнардус за „Дојландрадио култур“ изјави дека текстот бил подготвен речиси со исклучување на исламистичките сили. Тоа било огледало на „длабоката поларизација“ во Египет. „Тоа не ветува ништо добро за политичката иднина, за политичката стабилност.“

Референдумот е исто така важен тест за расположението на граѓаните за шефот на армијата Абдел Фатах ал Сиси, кој во саботата најави дека сака да се кандидира на претседателските избори планирани за годинава.

Исламистите повикаа на бојкот

Војската, некои левичарско ориенирени и либерални партии и речиси сите медиуми ги повикаа избирачите да гласаат „за“ предлог Уставот. Исламистите пак ги повикаа своите приврзаниви на бојкот на референдумот.

Изборните места ќе бидат отворени до среда (15.01) до 20 часот по СЕВ. Резултатот треба да биде објавен во рок од 72 часа по завршувањето на референдумот. Доколку, според очекувањата, биде усвоен Уставот во април би требало да се одржат претседателски, а подоцна и парламентарни избори.