1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глас на Палестинците

АТ/ дпа/ афп23 јуни 2013

Со неговата победа на арапското кастинг шоу „Араб идол“ Мохамед Асаф од Појасот Газа предизвика славје во Палестинските области. Претседателот на Палестинците го именуваше за амбасадор на добра волја.

https://p.dw.com/p/18uip
Фотографија: Reuters

Десетици илјади луѓе го славеа Палестинецот Мохамед Асаф од бегалскиот камп Кан Јунис во Појасот Газа. На крајбрежниот појас на Средоземното Море и во Западниот брег победата на 23 годишниот поп-пејач на кастинг шоуто „Араб идол“, беше причината за славје.

За Палестинците, кои од една страна се во конфликт со Израел, а од друга страна спорат меѓу себе, победата на Мохамед Асаф на арпаското кастинг шоу „Араб идол“ претставува знак за национално единство. „Ова е мирна победа за Палеситнците“, се радуваше една жена во градот Газа.

Обединети во славјето

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас, чија партија Фатах владее на Западниот брег, пејачот од Појасот Газа, каде владее исламистичкиот Хамас, го именуваше за амбасадор на добра волја. Во бегалскиот камп Бедауи во северен Либан воодушевени Палестинци стрелаа во воздух од среќа и возеа свирејќи по улиците.

Assaf aus Gaza bei Arab Idol
Асаф од Газа стана амбасадор на добра волјаФотографија: picture-alliance/dpa

Асаф за време на кастинг шоуто стана омилен пејач на медиумите во целиот арапски свет. Забележително исто така е и како стигнал до шоуто за таленти. Поради потешкотиите за да отпатува од Газа, тој всушност стигнал предоцна на регионалната претквалификација во Каиро. Друг кандидат кој се солидаризираше со него, му ја подарил неговата карта за учество.

Намалени тарифите за мобилни телефони

Во финалето, кое се одржа во Бејрут, Асаф победи по телефонското гласање. Очигледно дега голем број млади од другите арапски земји гласале за него. Дури и поранешниот палестински премиер Салам Фајад ги повика неговите сограѓани во Западниот брег да го подржат Асаф. Телефонските компании во Појасот Газа дополнително ги намалја цените на СМС пораките.