1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глобална опасност нема, но изненадувања не се исклучени

Марко Фолмар 25 јануари 2008

Тема која преовладува на годинешнава средба на Светскиот економски форум во швајцарскиот Давос е кризата на финансиските и пазарите за акции. Какво решение нудат експерите за надминување на кризата?

https://p.dw.com/p/Cwy5
Давос 2008Фотографија: AP
Бизнис елитата е единствена. Нема патент решение за глобалната финансиска криза, но неколку рецепти за економијата има. Поранешниот шеф на Сименс Клаус Клајнфел, денеска во управниот одбор на американскиот алуминиумски концерн Алкоа одговорен за оперативната трговија истакнува „Мислам дека рецептот што постои секогаш е истиот. Да се унапредува конкуренцијата, ова значи и натаму да се вложува во флексибилноста и постојано да се внимава на курсот на иновации. Тоа од секогаш било една од најсилните страни на германската економија и се надевам секогаш ќе остане.“ Без паника И Јирген Гросман, новиот шеф на најголемиот германски снабдувач со енергија РВЕ размислува во иста насока - „Мора да ја одржуваме структурата на трошоците и нашата конкурентност, тогаш сигурно повторно ќе се воспостави берзанскиот успех. Тоа што одвреме на време постојат коректури е добро и правилно. Кога има бура за време на патувањето се вели, првата рака за бродот, втората за морнарот. Треба да видиме да ги доведе во ред нашите бродови, да го одржиме курсот. Само без паника. Паника е најлошото. Потребно е трезвено да се анализира ситуацијата, и мислам дека посилни ќе го надминеме периодот.“ Препорачливо е да се искористи трендот Сепак, според атмосферата во Давос и натаму ќе има непријатни изненадувања. Последиците од кризата со недвижнини во САД сеуште не се надминати. Се заканува натамошна амортизација на билансите. Претседателот на упрвниот одбор на Бостон Консалтинг Груп, Ханс Паул Биркнер на германските претрпијатија им советува да го искористат трендот на ниски курсеви на акциите во светот и да откријат кои фирми би можеле да се покажат погодни за преземање „Јас би погледнал кој покажува слабост и кој би можел да биде интересен како кандидат за преземање. “ Оптимизам и на исток и на запад Дека постои опасност од светска рецесија, во тоа не верува никој во Давос. Американските шефови на претпријатија како Дејвид о’ Рејли од енергетскиот концерн Шеврон се залага да се употребат
Deutschland Wirtschaft Börse Kurssturz in Frankfurt DAX stürzt ab
Падот на берзитеФотографија: picture-alliance/ dpa
силите за само оздравување на економијата и оптимиситички да се гледа напред. Дека кризата нема да се прошири оптимисти се и Кина и Индија. Шефот на кинескиот телекомуникациски гигант Чајна Мобајл, Ванг Џијанху смета „…..дека кинеските економски цели и ситуацијата на финансискиот пазар ќе останат стабилни и ќе имаат позитивно влијание во светот.“ Да се замижи и едноставно да се мине низ кризата - тоа е мотото на многу учесници во Давос. Сите ги прифаќаат моменталната коректура на пазарот. Дали американската централна банка со нејзиното намалување на каматните стапки ќе може да придонесе за долгорочно смирување на пазарите - ова и натаму контроверзно ќе се дискутира.