1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глос во Индија

30 август 2006

Германија нема да учествува во планираната изградба на индиските атомски централи: законите во земјата заедно со заклучокот за напуштање на атомската енергија не дозволуваат соработка во оваа област. Ова го изјави германскиот министер за стопанство Михаел Глос по разговорите водени во Њу Делхи. Но, затоа:

https://p.dw.com/p/AeKy
Министерот Глос на средба во Њу Делхи
Министерот Глос на средба во Њу ДелхиФотографија: DW

Миахел Глос слета на аеродормот „Индира Ганди„ во главниот град на Индија. Целосно оптоварениот и застарен аеродром во моментов се модернизира со германско учество. Инфраструктурата и енергијата, според министерот, со оглед на огромниот растеж во Индија се посебно атрактивни за германска ангажман:

„Во инфраструкурата во Индија мора да се инвестира и поради големот пораст на населението, но и затоа што расте економијата. На пример, итно мора да се подобри ситуацијата на патиштата и железничките пруги, но тоа се однесува и на подрачјето на енергијата. Тоа го бара растежот на стопанството„.

По разговорите со неговите индиски колеги, Глос билансира:

„Јасно е дека сакаат соработка со Германија и овде кај нив, или и тие да инвестираат во Германија. Имам впечаток дека германското стопанство ја открива Индија зашто овде има исклучително висок развоен потенцијал и за во иднина„.

Всушност, билатералните економски односи меѓу Германија и Индија веќе достигнуваат рекорди и пазарот на оваа огромна земја станува се поважен за германските фирми.