1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годишен приход од 11 милиони евра!?

31 март 2004

Колку тоа заработуваат врвните германски менаџери, на врвни германски фирми? Прашањето се отвори по дознавањето на еден од приходите, имено на првиот човек на Дојче Банк, Јозеф Акерман

https://p.dw.com/p/AeRj
Deutsche Bank
Deutsche BankФотографија: AP

Ако се погледа повнимателно, сето тоа се киткиритки. Пред покраинскиот суд во Диселдорф, Јозеф Акерман ги крена прстите во знак на победа. Невкусно секако, но нему не му е грижа. Се покажа дека шефот на Дојче банк во минатата година заработил вкупно 11 милиони евра. Да, многу пари, но во никој случај зафаќање во касдата на концернот. Напротив- како една од петте фирми на германската берза, Дојче банк приходите на своите врвни менаџери ги држи отворени што е поврзано со јасни критериуми на успех. Во споредба на меѓународно ниво, Швајцарецот на врвот на најголемата германска банка сигурно не е преплатен. Значи се е во ред во стаклената кула на банката во Франкфурт? Не. Дојче банк е голема, моќна и успешна – иако не баш толку колку во минатото. Пред се меѓутоа, тоа е услужна банка и таму шефот не е крал. Барем не би требало да биде. Зашто таков шеф би и наштетил на фирмата. Меѓутоа за имиџот на фирмата решава пред се успехот или падот. Затоа не е џабе што концерните инвестираат милијарди во имиџ-кампањи, во спонзорства и во општествено ангажирање. Имиџот вреди кеш пари. Кон муштериите на Дојче банк припаѓаат и фризери, занаетчии или службеници. Многумина мораат да прифатат намалување на приходите, дури и да го загубат работното место, се чувствуваат загрозени од реформите и гледаат како исчезнува социјалната правда. И сега доживуваат како "санибој" од 40-сеттиот спрат добива зголемување од 60 насто. Секако во тоа своја улога игра и зависта, но во неговата работа спаѓа продажбата на производот банка: на мушетериите, на соработниците, на политиката. Други шефови тоа го знаат: Џон Чемберс од американскиот концерн Сиско системс се согласи со годишна плата од точно еден долар. Пјер Билжер од Алстом и Жан Пјер Гарние од Глаксо-СмитКлајн, во целиот свет лидерските сили помалку или повеќе доброволно – покажуваат скромност. И германски топ-менаџери како во Луфтханза, Томас Кук или Хипоферајнсбанк прифатија намалувања. Тоа може да се третира не само од морален, туку подеднакво и од економски апсект. Зашто нивната работа е токму тоа: да ја зголемат вредноста на фирмата. Така смета коментаторот на “Фајненшел тајмс Дојчланд“, само не и г-дин Акерман и нему сличните. Алчноста нема граници. Прстите В, како викторија – победа и, излезе чист од аферата во преземањето на Манесман од страна на Водафон. Тоа што го добил се киткиритки, а и не е забрането со закон. Чивт десетици милиони евра!