1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годишнина цунами

26 декември 2005

Со минута молчење и молитви, десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите по повод првата годишнина од цунами катастрофата во земјите на Јужна Азија.

https://p.dw.com/p/AcAJ
Едан година потоа:сеќавање на жртвите од Цунами
Едан година потоа:сеќавање на жртвите од ЦунамиФотографија: AP

Во индонезиската провинција Аче во 8 часот и 16 минути по локално време се огласи сирената точно во моментот кога бранот цунами пред една година стигна до оваа провинција. Илјадници сограѓани и странци се собраа во Тајланд за заеднички да се потсетат на жртвите. И во Шри Ланка и Индија на религиозни церемонии се собраа илајдници луѓе.

Во катастрофата на 26 декември минатата година во земјите околу Индискиот океан загинаа повеќе од 220 илајди луѓе. Најголемиот број жртви, околу 170 илјади беа на северниот дел на островот Суматра. Претседателот на Индонезија Сусилио Бамбанг Јудхојоно ја истакна решеноста на луѓето за нов почеток.

На комеморациите во Тајланд присуствуваа и голем број роднини на странските туристи што загина во поплавата. Околу половината од 5 илјади и 400 жртви во Тајланд без западни туристи, меѓу нив и 537 Германци.

Во Шри Ланка луѓето се собраа на заеднички молитви, запалија голем број свеќи барајќи балогослов за жртвите. Во целата земја се молчеше две минути за загинатите околу 30 илјади луѓе. Централната комеморација се одржа во Перелија на југот од островот каде што бранот однесе цел воз полн со патници, при што загинаа илјада и 200 луѓе. Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапаске ги повика на единство своите сограѓани:„Катастрофата ни даде болна, но важна лекција дека луѓето на оваа земја мораат да бидат заедно и заедно да работат„, подвлече тој во својот говор.

Ви Индија ќе биде откриен споменик што треба да потсетува на катастрофата и на жртвите.