1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема позитивна порака за Балкан

14 декември 2007

Огромен чекор напред во интеграцијата на Европската Унија и позитивен сигнал за земјите кандидати за членство. Вака дел од дипломатскиот кор во Македонија го објаснува значењето на договорот од Лисабон

https://p.dw.com/p/Cbnv
Договор со пошироки ефектиФотографија: picture-alliance/ dpa

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје Ерван Фуере смета дека потписот на документот што претставува неформален устав на европската Унија има голема позитивна порака за Македонија и за останатите земји апсиранти за членство.

Дека Европската унија ја надминува внатрешната криза и ќе може да се посвети на останатите предизвици меѓу кои е и проширувањето.

“Лисабонскиот договор е нов огромен чекор во процесот на интеграција на Европската Унија, бидејќи ќе и овозможи на Унијата да работи со поголема ефикасност и ќе осигура дека Европа е способна да апсорбира повеќе нови членки“, вели Фуере.

По неуспехот од 2005 по прашањето на уставот сега тоа е надминато и од Лисабон стасува добар сигнал за земјите од Балканот дека Европската унија може да функцинира успешно во наредните декади, објаснува европретставникот во Скопје.

“Во таа смисла договорот од Лисабон значи дека сега одговорноста за проширувањето на Унијата паѓа на товар исклучиво на земјите кандидати, колку побрзо ќе ги релизираат неопходните реформи толку побрзо ќе бидат подготвени да и се приклучат на Унијата“.

Договорот од Лисабон оптимистички за Македонија го толкува и францускиот амбасадор во Скопје Бернар Валеро.

Вели дека потписот на Европските лидери ја отвора вратата за натамошно проширување.

“Отсега ќе бидат способни да работат поактивно, поконкструктивно на останатите прашања и предизвици кои сите нас заедно не очекуваат“.

Вели Валеро и ја потенцира европската перспектива на Балканот.

“Нема план Б. Судбината на балканските земји е во Европа. проблемот е брзината на интеграцијата на Македонија земјата во која јас живеам и по која одам кога ќе стаса до поставената цел. Но нагласувам главната одговорност за ова прашање ја сносат македонските граѓани“.