1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем број жртви во авионска несреќа во Иран

15 јули 2009

Во Иран се случи тешка авионска несреќа. Иранските власти ја потврдија информацијата дека сите патници и членови на екипажот го загубија животот.

https://p.dw.com/p/Ipmx
Остатоци од авионот по несреќатаФотографија: AP

Во авионската несреќа што се случи денеска во Иран, 168-те патници и членови на екипажот го загубија животот, јави државната иранска телевизија. Оваа информација ја потврди и портпарол на иранското министерство за здравство. Властите не се надеваат дека некој ја преживеал несреќата. Во авионот се превезувале 153 патници и 15 членови на екипажот. Меѓу патниците најверојатно биле и десет членови на иранската младинска национална репрезентација во џудо.

Flugzeugabsturz Iran
Местото на авионската несреќа во ИранФотографија: AP

Несреќата по се изгледа се случила само 15 минути по полетувањето, на северо-западниот дел од Иран, во близина на градот Казвин. Според локалните спасувачки екипи, по уривањето авионот веднаш се запалил и бил целосно уништен. Делови од урнатиот авион се наоѓаат на повеќе стотици метри околу местото на несреќата. Се’уште нема информации за причината за несреќата. Според агенциски информации, пилотот на авионот јавил технички проблеми и пробал принудно да слета. Авионот бил од типот „Тупољев“ и и’ припаѓал на иранско-руската авиокомпанија „Каспијан“. Малата авиокомпанија со седиште во Техеран нуди главно внатрешни летови, но превезува патници и во Ерменија и Украина. Авионот, кој денеска се урна, летал од Техеран кон главниот град на Ерменија, Ереван. Авиокомпанијата постои околу 15 години. Во нејзината флота се вбројуваат четири „Тупољев“ авиони од типот 154, патнички авион кој може да превезува до 180 патници. Производството на овие авиони е завршено пред три години.

Во Иран често се случуваат авионски несреќи, бидејќи авионите се стари и во лоша техничка исправност. Авионите „Тупољев 154“ изминатите години честопати имаа авионски несреќи во целиот свет. Причини за несреќите најчесто беа лошо време или пилотска грешка.

Автор: МВ/АТ/ЖА/дпа

Редактор: Жана Ацеска