1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем број загинати во серија напади во Ирак

СН/ЖА/дпа/бета/ртр/афп20 март 2012

Во серија бомбашки напади што денеска (20.03) се случија во повеќе градови во Ирак, загинаа најмалку 26 лица, а стотина се повредени, јавуваат светските новински агенции.

https://p.dw.com/p/14NhI
IФотографија: AP

Болнички и полициски извори ширум Ирак пренесоа информации за експлозии во голем број градови во Ирак. Бомбашки напади, имено, имало во Багдад, Киркук, Хила, Кербала и други места.

Само во северноирачкиот град Киркук загинале 9 лица, а 35 биле повредени при експлозијата на бомба пред главната полициска станица во градот. Претходно, во центарот на ирачкиот главен град Багдад, во самоубиствен бомбашки напад биле убиени две лица, а осум биле повредени.

Во светиот шиитски град Кербала, кој се наоѓа на 110 километри оддалеченост од Багдад, во експлозија на две бомби загинале најмалку 13 лица. Едната бомба експлодирала пред ресторан, а другата во парк на влезот во градот.

Нападите се случуваат точно на денот на деветтата годишнина од американската инвазија на Ирак и на околу една седмица пред почетокот на самитот на Арапската лига, кој на 28. и на 29. март би требало да се одржи во Багдад. Тоа е прв самит на арапската организација во Ирак од 1999. година наваму.