1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем успех во борбата против ЕТА

17 ноември 2008

Најбараниот лидер на баскиската сепаратистичка организација ЕТА е уапсен во Франција. Станува збор за Микел Гарикоич Апиасу, шеф на военото крило на ЕТА, а со тоа и директен наредбодавач во терористичката мрежа.

https://p.dw.com/p/FwcY
Микел Гарикоич АпиасуФотографија: picture-alliance/dpa

Апсењето на Микел Апиасу, познат под псевдонимот Чероки, е врв на серијата успешни акции против ЕТА. Најмалку пет години тој се наоѓаше на лидерската позиција во военото крило на терористичката организација. Чероки е уапсен утрината од страна на француската полиција во пограничниот дел на Пиринеите во југоисточна Франција. Тој се смета за одговорен за повеќе атентати со автомобил бомби. Меѓу нив, за убиството на двајца француски полицајци во 2007 година и нападот врз аеродромот во Мадрид, една година претходно, во кој загинаа две лица. Наводно наредил и напад врз шпанскиот Крал.

Апсењето на еден од најбараните терористи за Хесус Калдера, претставник на владејачките социјалсти во Шпанија, е еден од најголемите успеси во антитерористичката борба. Шпанците и демократијата во земјата според него од денеска живеат посигурно. Тој изрази благодарност до Франција за нејзината извонредна соработка во случајот.

Од бармен до најбаран терорист

Апиасу, својата неславна кариера ја започнал во Кале борока, организирана улична банда која ја сочинуваат млади Баскијци. На средината на 2002 година тој изненадувачки ја напушта работата во еден бар во Билбао, каде се собираат сепаратисти и преминува во илегала. Кратко потоа започнува неговиот брз пробив кон врвот на организацијата.

Spanien Baskenland ETA Anschlag Autobombe
Чероки е директно одговорен за повеќе бомбашки нападиФотографија: AP

Како шеф на воениот апарат на ЕТА, тој извршил реорганизација на командните структури. Тие биле целосно изолирани, имале сопствена логистика со што бил оневозможен контакт со останатиот дел на организацијата, а со тоа истовремено било оневозможено и уфрлување на тајни агенти. Апиасу е претставник на новата генерација на ЕТА. Станува збор за членови кои идеолошки се лошо образовани, рано го напуштиле образованието и преминале кон насилство со цел да станат дел од мрежата на организацијата.

Акцијата била добро подготвувана

Полицијата веќе еден месец имала информации за апсењето на Чероки. Главните податоци веројатно биле добиени од припадници на командосите на ЕТА, чија ќелија пред две недели била разбиена во градот Памплона, во северна Шпанија. Колку и да е важно апсењето на Чероки, неговиот заменик според истражителите веќе е избран. Станува збор за член на ЕТА, кој терористите ги снабдувал со експлозив. Тој се смета за побрутален од својот претходник.