1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голијат против Голијат

3 декември 2003
https://p.dw.com/p/AeST
Започна процесот против Дајмлер - Крајслер. Во понеделникот започна првата рунда на еден од највозбудливите процеси: германско-американскиот автомобилски концерн Дајмлер Крајслер поради наводна измама мора да одговара пред американски сојузен суд. Причина: Кирк Керкоријан, американски милијардер и поранешен најголем сопственик на акции во тогашниот автомобилски концерн Крајслер, го обвинува шефот на сегашниот концерн Јирген Шремпф дека соединувањето на на двата концерна пред пет години не била фузија на еднакви партнери, туку преземање од страна на германскиот концерн Дајмлер Бенц. Шефот Шремп не сметаше дека ќе мора да се соочи со милијардерот Керкоријан пред американски сојузен суд. Пред три години инвеститорската фирма на поранешниот најголем акционер во Крајслер поднесе тужба поради измама против Дајмлер-Крајслер. Пред нешто повеќе од една недела одговорниот сојузен судија конечно и даде зеленио светло на тужбата. Судската постапка треба да трае две недели. Јирген Шремп како сведок веројатно ќе се појави пред судот во втората недела од процесот. На конечна судска одлука ќе мора да се чека сепак во идната година, скоро шест години по фузијата. Тогаш, на 7 мај 1998 година Шремп по фузијата најави:
"Како заедничка фирма нашата конкурентска ситуација драстично ќе се подобри. Ќе се ослободат потенцијали кои двете фирми и онака веќе ги имаат".
Стануваше збор за светска АГ, за број еден во светот, за фузија меѓу еднакви. Токму тоа го оспорува Кирк Керкоријан. Тој му префрла на управниот одбор на поранешнот Дајмлер-Бенц дека од почетокот на зделката планирал преземање измамувајќи ги акциониерите на Крајслер. Во моментот на фузијата фирмата на Керкоријан имаше 14 насто од акциите во Крајслер. При официјално преземање тој би имал право на посебна цена на неговите акции и Дајмлер Бенц би морал да плати дополнителна премија од 10 милијарди долари, вели Керкоријан. Во образложението на неговата тужба се вели дека тој верувал во фузија на еднакви и затоа се согласил со неа. Автомобилскиот концерн Дајмлер-Крајслер на судот му предаде документација од 250 илјади страници за да избегне усмена постапка. Уште во август годинава концернот се договори со една помала група акционери и им исплати 300 милиони долари. Тужителот Керкоријан бара три милијарди долари обесштетување. Никој не оспорува дека Германците го имаат главниот збор во фирмата. Адвокатите на Дајмлер-Крајслер велат дека Керкоријан морал уште порано да увиди кој ќе доминира по фузијата. Голијат против Голијат. Напролет ќе се знае кој е поголемиот. Во игра се милијарди долари.