1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голф, атлетика и тенис на терените во светот

25 септември 2006

Ервопјаните осми пат по ред ја победија Америка во голф. Викендов во Берлин се оддржа и 33 берлински маратон но и тениски натпревари во рамките на Дејвис Купот.

https://p.dw.com/p/Aehf
Гете Вами во Берлин
Гете Вами во БерлинФотографија: AP

Европските голф професионалци по осми пат од 1979 година ја победија Америка во рамки на Рајдер Купот. Капитенот Јан Вусман „Морам да кажам дека ова е врв на мојот живот бидејќи освоив повеќе турнири низ светот, го освоив најголемиот турнир, бев број еден во светот и морам да го кажам следново: Ова е најрадосниот момент во мојот живот.“

Големо е задоволството и кај Колин Монтгомери „Многу сум горд што сум дел од дванаесетмината повторно овде и да го израмниме рекордниот резултат од Оукланд Хилс. Никогаш не мислевме дека тоа ќе биде повторно можно за неколку години. Многу сум горд што сум дел од тимот„

Топ американската ѕвезда Тајгер Вудс изрази респект кон добрата игра на тимот на Европа „Во сите овие куп натпревари во кои јас учествував ако погледнете каде се движеа натпреварите тогаш ќе видите дека Европејците беа подобри.“

Легендата на светската атлетика Хајле Гебреселасие победи на 33 берлински мартатон кој вчера се одржа низ улиците на главниот германски град. Сепак тој на крајот беше малку тажен. Ветерот и високите температури не му дозволија да го урне светскиот рекорд на наеговиот другар Паул Тергат. Гебреселасие на крај беше побавен за една минута но најави дека повторно ќе го нападне рекордот на Кениецот, поставен пред три години токму во Берлин. Во женска конкуренција триумфираше неговата сонародничка Гете Вами. Гебреселасие и Вами така ставија крај на доминацијата на Кенијците и Јапонците. На берлинскиот маратон беа пријавени над 40.000 атлетичари од 105 земји.

Викендов беа актуелни и натпреварите од тенискиот Дејвис Куп. Германија оствари значајна победа против Тајланд од 4:1. Најзаслужни за триумфот беа Александар Васке и Флоријан Маер кои беа неприкосновениу во поединечните настапи. Единствениот пораз го претерпе Томас Хас. Едно од поголемите изненадувања во Дејвис Купот го направи Русија која ги совлада САД со 3:2. Целосно разочара финалистот од последниот УС Опен Енди Родик кој ги загуби и двата меча. Од останатите натпревари. Швајцарија ја совласа Србија со 4:1, Аргентина ја декласира Австралија 5:0.