1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грабнувачот од Инголштат е уапсен

ЕМФ/дпа20 август 2013

Војната на нерви во Градското собрание во Инголштат заврши со апсење на грабнувачот. Двајцата заложници не се повредени. Денеска (20.08) грабнувачот, кој имал психички проблеми, ќе биде изведен пред истражен судија.

https://p.dw.com/p/19SXD
Фотографија: Reuters

Единиците на специјалните сили на полицијата вчеравечер, по речиси деветчасовна заложничка драма во Градското собрание на Инголштат, успеаја да го совладаат и уапсат грабнувачот и да ги ослбодат последните двајца заложници. Грабнувачот е 24-годишно момче, кое долго време следело вработена во Градското собрание и имало забрана за влез во оваа институција. Според полицијата, лицето веќе било казнувано, а освен тоа имало и големи психички проблеми. Уапсениот грабнувач, кој при акцијата на ослободување на заложниците е погоден од куршум, но повредата не е тешка, денеска треба да биде изведен пред истражен судија. Двајцата заложници, меѓу кои и жената која грабнувачот ја следел долго време, не се повредени.

По заложничката драма, баварската министерка за правда Беате Мерк побара заострување на законите против стокинг (патолошко следење лица и нивно вознемирување, н.з.). Според Мерк, постоечката регулатива не е доволна. Имено, според актуелниот закон, се интервенира само во случаи кога стокерот ѝ го попречува многу нормалниот живот на жртвата. Притоа, меѓутоа, не се зема предвид „колку жртвата страда душевно“, критикува Мерк. Баварскиот предлог за заострување на законот е на маса, нагласи Мерк и ги повика и другите покраини да дадат согласност.