1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грабнување во Јемен

29 декември 2005

Вчера во Јемен се грабните петмина германски туристи. Станува збор за семејството на поранешниот државен секретар во германското министерство за надворешни работи Јирген Кробог.

https://p.dw.com/p/AcAF
Јирген Кробог со семејството е грабнат во Јемен
Јирген Кробог со семејството е грабнат во ЈеменФотографија: AP

Заедно со сопругата и трите деца се наоѓал околу 460 километри од главниот град Сана кога биле грабнати за време на посета на ресторан. Како што соопштуваат јеменските власти, во меѓувреме се знае местото каде што се однесени киднапираните туристи. Во тек се преговори со грабнувачите, а во Берлин е формиран кризен штаб.

Грабнувањето и идентитетот на грабнатите ги потврди и германското министерство за надворешни работи. Кробог и неговото семејство на 24 декември по покана од министерството за надворешни работи на Јемен допатувале во земјата. Под водство на јеменска туристичка организација биле на пат од Аден кон пристаништето Ел Мукала. Групите биле поделени во неколку џипови, како што потврди портпаролот на министерството во Берлин, Мартин Јегер:

„Очигледно станува збор за туристичка заднина. Станува збор за туристичка група од која еден џип малку заостанал„.

Јеменското министерство за внатрешни работи соопшти дека семејството вчера заедно со домашниот возач по посетата на ресторан на патот во регионот Ал Ирим било грабнато од вооружени племенски војници. Полицијата го знае местото каде што се наоѓаат грабнатите. Нејзини припадници го опколиле тоа подрачје. Грабнувачите бараат ослободување на нивни припадник кој се наоѓа во затвор во Аден. Министерството во Берлин за грабнувањето било информирано од германската амбсада во Сана:

„Во министерството за надворешни работи е формиран кризен штаб. Министерството е во контакт со сите релевантни фактори. Ќе ги вложиме сите напори ова семејство колку што е можно побргу да се врати во безбедност„.

Кризниот штаб го води државниот секретар Георг Бомгарден, а грабнатиот Кробог веќе ја вршеше таа функција во црвено-зелената влада. Во август 2003-тата тој работеше за ослободувањето на 14 туристи во Сахара, меѓу нив и 9 Германци кои со месеци беа во заложништво. Од април 1995 до јули 2001 година Кробог беше германски амбасадор во Вашингтон. Во Јемен инаку, се почесто се грабнуваат туристи, инженери и помошници за развој за да се издејствуваат политички отстапки. Мнозинството киднапирани по преговарањата неповредени се ослободуваат. Последен е примерот на двајца Австријци од минатиот викенд кои беа ослободени. Министерството за надворешни работи предупреди на внимателност при патувањето во Јемен.