1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

Ј.Ф. Бургард/ С.Недевски19 мај 2013

Пред 100 години градникот го замени корсетот. На почетокот беше само „држач за гради“ направен од едноставни материјали, кој првенствено требаше да биде практичен. Со текот на времето прерасна во ултимативен секс-симбол.

https://p.dw.com/p/18TzD
Фотографија: Fotolia/FOTO-JHB

Без разлика дали е транспарентен, светлечки, со крилца или шпицест, тој може да биде многу повеќе отколку само градник. Но, што е всушност тајната на совршениот градник?

„Мора да е точен. Едноставно кажано.“

„Добар градник мора добро да стои и навечер не смее да предизвикува болки во грбот.“

„Важно е широко да е засечен, како што е сега.“

„Би било убаво, ако тој едноставно лесно се откопчува.“

Едноставно лесно да се откопчува можеше уште овој историски модел. Не многу модерен, но пријатен тој ги ослободи дамите од маките со корсетот. Пред 100 години компанија Хаутана од јужна Германија го патентираше првиот сериски произведен градник и го извезуваше низ целиот светот.

Манфред Шмид, хроничар на државниот музеј Дан Канштат вели: „Тие имаа реклами насочени кон целни групи. За модерната, за софистицираната жена, за дамата од општеството, за спортската жена и за младите дами. Тие рекламира градници за млади девојки веќе на возраст од 17 или 22 години. Значи секогаш гледаа, кој што носи, која е нашата целна група. "

06.05.2013 DW DEUTSCHLAND HEUTE Damals BH

Особено еден од рекламните слогани на Хаутана му останал во сеќавањето на овој историчар. Што е светилникот за брегот, тоа е Хаутана за градите.“

Триумфот на градникот се чинеше не може да се запре. Се’ до крајот на 60-тите години кога феминистките во него видоа симбол на угнетувањето и јавно го палеа. Но, на крајот победи гравитацијата. Вондербра во 90-тите години стана бестселер, еволуција на пуш-ап градникот од 50-тите години, кој прави се’ да изгледа малку поголемо. Без разлика дали е симбол на ослободувањето, предмет со политичко значење или пуш-ап чудо, и по 100 години градникот е многу повеќе од само „држачот за гради“ .