1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градови на културата

15 јануари 2012

Со иницијативата „Главен град на културата“ Европската унија ги истакнува различните карактеристики на континентот. Од Марибор и Гимараеш, преку Талин и Турку запознајте ја културата на Европа!

https://p.dw.com/p/13z8c
Фотографија: picture-alliance/dpa
Themenbild sehen hören lesen
Фотографија: Pedro Nogueira/Olly - Fotolia.com

Титулата „Европска престолнина на културата“ се доделува од 2004 година, а изборот го врши Европската комисија. Но, проектот град- центар на културата е од поодамна. Дознајте повеќе, со еден клик: Што сака ЕУ со „Европската културна престолнина“

Марибор повторно заживува

Марибор гордо е Европска престолнина на културата за 2012 година. Со многу елан и мал буџет словенечкиот индустриски град годинава прераснува во центар на културата.

Maribor 2012
Куклениот театар во МариборФотографија: DW/Bernd Riegert

Куклениот театар е една од неговите особености, но дознајте повеќе: Марибор сака да им ја приближи културата на луѓето

Гимараеш: мал град - голема надеж

Мал и досега сосема непознат на северот на Португалија - Гимараеш годинава е платформа за уметноста и креативноста во Европа. Но, не само од уметнички агол, жителите на ова градче се надеваат дека со многубројните посетители ќе се разбуди и локалното стопанство. Прочитајте за Гимараеш - нов почеток на еден мал град

Guimaraes Portugal Kulturhauptstadt Europas 2012
Поглед од аркадите на старото собрание кон ГимараешФотографија: picture-alliance/dpa

Уметничко доживување во Турку

Турку е најстариот град во Финска. Архитектонски тој не е некоја убавица, но градот од секогаш бил порта кон светот. Од културен агол познат е по неговите несекојдневни идеи како на пример борење во придружба на музика или поезија на тоалетна хартија. Кликнете и дознајте повеќе за: Град на „откачени“ идеи

Fluss Aurajoki Turku
Турку порта кон светотФотографија: Turku

„Културен километар“ во Талин

Tallinn
Историски фестивал во ТалинФотографија: DW

Приказни од морето гласеше мотото на Талин, главниот град на Естонија кој беше и главен град на културата во Европа во 2011 година. Еден од неговите повпечатливи проекти беше „60 секунди самотија во нултата година“. Прочитајте повеќе: Талин и неговите морски сказни

Градови на културата во 2010 година - Есен, Печуј и Истанбул

Градови на културата во 2009 година - Линц и Вилнус