1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градоначалникот на Штутгарт во Скопје

Горан Петрески 17 јануари 2008

Градоначалникот на Штутгарт Клаус Петер Муравски во посета на Скопје. Гостинот од Германија беше пречекан на највисоко ниво од претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

https://p.dw.com/p/Ct7U
Германскиот градоначалник Муравски при посетата на СкопјеФотографија: MIA
Германија ќе ја подучува Македонија како да се реформира еден од најпроблематичните сектори во земјата - здравството. Потпис на спогодба за соработка во медицината денеска ставија минисстерот за здрваство на Македонија Имер Селмани и градоначалникот на Штутгарт Клаус Петер Муравски. Во неговата покраина Баден Виртемберг болниците се во надлежност на локалните власти, а Штутгарт освен по автомобилските марки е познат и како значаен медицински центар. Германскиот градоначалник нагласи дека покраината што ја претставува и градот што го раководи освен во здравствотот ќе ја поддржат Макеоднија и во другите области за што побрзо адаптирање во европските стандарди.