1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Граната против демонстрантите во Бангкок

АТ/ дпа/ афп/ ртр17 јануари 2014

Во главниот град на Тајланд, Бангкок продолжува политичката борба за власт. Среде толпа демонстранти критички настроени кон владата се случи експлозија. Повеќемина се повредени.

https://p.dw.com/p/1AsbE
Фотографија: Reuters

Засега непознати лица фрлиле експлозив врз група демонстранти во центарот на Бангкок, изјави портпарол на полицијата. Според информации на медиумите во Тајланд при експлозијата биле повредени 30 демонстранти. Телевизијата „БлуСкај“, наклонета кон демонстрантите, објави дека тоа било напад со граната. На снимките на телевизијата можат да се видат повредени луѓе како лежат на земја, повеќе болнички возила ги згрижуваа повредените.

Водачот на опозицијата не е повреден

Водачот на протестното движење Сутеп Таугсубан, кој го предводеше маршот, не е повреден. Со големи демонстрации и блокади опозицијата во Тајланд од ноември минатата година се обидува да ја симне актуелната влада од власт. Тие ја обвинуваат премиерката Јунглак Шинаватра дека била само марионета на брат и, поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој е во егзил оти во Тајланд му се заканува затворска казна.

Премиерката Јинглак Шинаватра на средбата со претставниците на медиумите потврди дека нема да попушти под притисокот на опозицијата и ќе се придржува до предвремените парламентарни избори. Само народот можел да одлучи: „Колку поскоро се одржат избори, толку подоро“, рече Јинглак.

Она што демонстрантите го бараат - оставка на Јинглак Шинаватра и формирање на технократска влада - според уставот не било можно: „Тоа што законот не го прифаќа, не го прифаќа ниту демократијата“, нагласи премиерката. Нејзиното семејство нема да се повлече од политиката.

Јинглак истовремено го отфрли обвинувањето на опозицијата, дека нејзиниот брат Таксин, кој од војската беше соборен од власт во 2006 година ги давал насоките на владината политика. На прашањето дали се консултира со брат ѝ, Јуинглак одговори: „Не, јас го консултирам кабинетот и раковoдните службеници“.