1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гранд - кањонот во Шварцвалд

19 мај 2008

Вистински кањон, онаков каков што имаат САД или Франција, постои и во Германија. Оној кој оди во посета на Шварцвалд, да го види ,,Wutachschlucht“, ќе наиде на романтичен и истовремено див крај.

https://p.dw.com/p/DubC
Дел од кањононФотографија: presse

„Гранд кањонот на Шварцвалд“ – така често го нарекуваат „Wutachschlucht“. И со право, бидејќи неговите димензии навистина се исклучително големи. Оваа импресивна клисура е долга 30 километри, а длабока 200 метри. Пред околу 100 илјади години реката Вутач ја отсекла огромата долина низ јужниот дел на Шварцвалд, така што ова е најмладиот кањон на земјата, а воедно и еден од последните извори на диви води во Средна Европа.

Tanneggerwasserfall Wutachschlucht Südlicher Schwarzwald Deutschland
Недопрена природаФотографија: presse

Во него се одржала мошне непристапна, но богата флора и фауна. Оној кој кај Бондорф ќе излезе од длабочината на кањонот, ќе се најде во поновата историја на овој регион. Во гостилницата „Bonndorfer Narrenstuben“ цела година владее карневалско расположение. Тука се изложени повеќе од 350 минијатурни фигури и маски од германско-алеманската традиција.

Дворот пред дворецот во Бондорф го краси јапонска градина. Благородниот камен, кој што испушта пареа се наоѓа малку позападно, на музејскиот дел на Блумберг. Историската локомотива „Sauschwancelban“, која името го добила поради својата рута во вид на „свиткана свинска опашка“, и ден денес ги превезува гостите низ најубавите краишта на Шварцвалд.

Bücherntal im Schwarzwald
Долината Бихернтал во МиленбахФотографија: Naturpark Schwarzwald