1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Границата кон Косово е техничко прашање

Александар Чомовски9 мај 2006

Европската унија го поздрави чекорот на добрососедство меѓу Скопје и Брисел. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски го повтори својот став дека нема да има нови разговори за одбележување на границата.

https://p.dw.com/p/AdeA
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Европската унија со благонаклонетост гледа на дијалогот меѓу македонскиот и косовскиот премиер Бучковски и Чеку. Чекорот на добрососедство во Скопје, е поздравен со стимулирање од Брисел. Американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Миловановиќ синоќа потврди дека 2001 година се користени сателитски топографски снимки со што експерти од Вашингтон и помагале на македонската влада во демакркацијата на границата со Косово. Нејзината демаркација мора да се случи без оглед на статусот на покраината, потврден е ставот на Стејт де Партментот.

По минатонеделната средба на македонскиот и косовскиот премиер Бучковски и Чеку, македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска со идентична оценка како и последната на македонскиот премиер. „Се согласувам од едноставна причина, тоа што јас самиот никогаш не сум го третирал како политичко прашање. Во сите изјави постојано повторувам дека имаме само едно техничко прашање, прашање на техничка реализација на еден проблем, а тоа е демаркација на границата. Значи треба да се постават граничните камења. Нема да преговараме. Немаме потреба, немаме интерес да преговараме повторно каде ќе се протега границата. “ Шефот на државата ја повтори својата позната константа дека нема да има нови преговори со Косово и властите во Приштина околу евентуалното разграничување.

Откако ја одби средбата со Агим Чеку, шефот на македонската опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски го предупреди шефот на македонската влада за превртливост и неконзистентност околу границата со Косово. „Посакувам премиерот ако не ја подобри, барем да не ја влошува ситуацијата. Како што гледам колку повеќе е активен толку повеќе ја комплицира состојбата.“

Неформалниот договор меѓу Приштина и Скопје, поранешната граница од поранешната федерација во Југославија да биде основа за конечната демакркација значи ревизија на веќе псотигнатиот меѓудржавен договор меѓу Скопје и Белград, реагираше повторно поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле „Сеуште имаме надеж дека е во прашање грешка, во овој момент, остро осудувајќи секој облик на демаркацијата на границата надвор од меѓународниот документ. Ние му даваме на господинот Бучковски уште една шанса да ја допрецизира оваа работа.“

ВМРО Народна не се откажува од идејата за декларација на парламентот за непроменливост на македонската гранциа но ќе почека на ефектите на идејата на премиерот Бучковски дека експерти од Скопје и Приштина со американско посредништво, конечно ќе решат каде ќе бидат поставени пирамидите и разграничувањето со Косово.