1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грипот се шири, но, колку е опасен?

2 мај 2009

Свинскиот грип се прошири и во Азија. Американските научници делумно го повлекоа предупредувањето. Во Македонија досега не е регистриран случај на свински грип. Земјата во меѓувреме ги презема неопходните мерки.

https://p.dw.com/p/HiWn
Виролозите неуморно работат на изнаоѓање вакцинаФотографија: AP

Aмериканските власти делумно го повлекоа предупредувањето, и покрај натамошното ширење на т.н. свинскиот грип, преименуван во нов вирус на грип. Вирусот од типот H1N1 досега во целиот свет се однесува како грип вообичаен за годишното време, соопшти центарот за контрола на зарази во Атланта. Вирусот не ги содржи смртоносните карактеристики на предизвикувачот на шпанскиот грип од 1918/1919 година на пример, кога ширум светот починаа повеќе од 40 милиони луѓе.

Во меѓувреме властите во Данска, Јужна Кореја и Хонгконг ги пријавија првите случаи на заболени лица. Ширум светот бројот на инфицирани се зголеми на преку 600 лица. Досега од новиот грип починаа 17 лица, 16 во Мексико, каде и се појави грипот и еден во САД.

Светската здравствена организација се’ уште не гледа причина да го подигне нивото на тревога од панемија, од петти на највисокиот шести степен. Кристијан Линдмајер од Светската здравстевена организација појаснува: „Шести степен не значи дека сме соочени со голема катастрофа. Се’ додека вршиме детална анализа, лекарите брзо може да го препознаат и третираат вирусот, не треба да се очекуваат поголеми влијаније.“ смета Линдмајер.

Новиот грип засега не е регистриран во Македонија. Националниот Комитет за пандемиски грип на Република Македонија со кој претседава премиерот Никола Груевски, синоќа ги утврди натамошните мерки за заштита од грипот. Премиерот Груевски најави набавка на 100.000 кутивчиња од лекот „тамифлу“ и резервација на уште 100.000, со оглед на брзината со која се шири вирусот.

Автор: АТ/дв/миа

Редактор: Александра Трајковска