1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски во Чешка

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag8r

Чешка очекува брза интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ.Ова денеска во разговорите со македонскиот премиер Никола Груевски во Прага му го пренесе чешкиот претседател на владата Мирек Тополанек.Тој прецизирал дека според проценките на Чешка Македонија на самитот на НАТО идниот април во Романија треба да добие покана за членство во Алијансата,а до крајот на оваа година би требало да добие и датум за започнување преговори за прием во ЕУ.Вчера Груевски имаше средба со македонските студенти во Прага, на која се зборуваше за македонскиот пат кон ЕУ и НАТО,олеснувањето на визниот режим и преговорите со Грција околу името.