1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инвестирајте во Македонија

24 ноември 2011

Македонската владина делегација вчера одржа бизнис форум со германски компании во Минхен. Денеска земјата се претставува во Диселдорф.

https://p.dw.com/p/13GI9
Премиерот на Македонија Никола ГруевскиФотографија: DW

Македонскиот премиер Никола Груевски ги повика германските фирми да инвестираат во Македонија на вчерашниот Македонско-германски бизнис форум во Минхен.

Официјално Скопје очекува влез на германски капитал во повеќе сектори, меѓу другите, во производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство, туризам, градежништво и инфраструктура и други. Груевски пред германските бизнисмени ги претстави политиките на неговата влада за привлекување странски инвестиции.

Заклучно со 2010. година, германските директни инвестиции во Македонија изнесуваат околу 70 милиони евра, што е 2,98 отсто од вкупните странски директни инвестиции во земјата.

„Очите на македонската политичка и бизнис заедница во една мала и отворена економија, како што е Република Македонија, се вперени токму во Сојузна Република Германија. Брзото закрепнување на германското стопанство е еден од најважните услови за зголемување на македонскиот извоз и задржување на високите стапки на економски растеж меѓу 4 и 6 проценти, кои ги имавме пред кризата и повторно ги остваривме во првата половина од 2011 година, истакна премиерот кој посочи дека одличната економска соработка меѓу двете земји е плод на долгогодишната меѓусебна доверба, значајните реформи кои ги преземаме и секако континуираната поддршка што СРГ ја дава на патот кон европските интеграции“, порача Груевски.

Автор: БГ/миа

Редактор: Симе Недевски