1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски и Путин се заложија за продлабочена економска соработка

АТ/ миа/ макфакс21 јуни 2012

Заложба за продлабочување и интензивирање на економските односи меѓу Македонија и Русија изразија премиерот Никола Груевски и претседателот Владимир Путин на средбата одржана во Санкт Петербург.

https://p.dw.com/p/15JB4
Фотографија: MIA

Македонскиот премиер Никола Груевски и рускиот претседател Владимир Путин на средбата ги истакнаа добрите политички односи меѓу двете земји на севкупно ниво, односи кои, како што беше заклучено, се во нагорна линија, соопшти македонската владина прес-служба.

Груевски и Путин констатираа дека двете земји успешно се справија и справуваат со последиците од глобалната економска криза, која е сериозен предизвик за сите земји од светот.

Соговорниците изразиле заложба и поддршка за продлабочувањето и интензивирањето на економските односи, зголемувањето на економската соработка на планот на инвестициите и трговската размена. Меѓу клучните приоритети за кои се разговарало е соработката во областа на гасификацијата и вклучувањето на Македонија во меѓународните коридори за пренос на гас, што ќе отвори нови перспективи за македонската економија.