1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: “Келер ги сфати нашите пораки“

Силвера Падори27 октомври 2006

Неформална средба на македонскиот премиер, Никола Груевски и германскиот претседател, Хорст Келер, денеска во Берлин.

https://p.dw.com/p/Ac28
Никола Груевски
Никола ГруевскиФотографија: dpa

По средбата со германскиот претседател, Хорст Келер, македонскиот премиер, Никола Груевски, за Дојче Веле изјави:

“Разговаравме за она што е важно за Македонија, за регионот, за нашите односи како две држави. Јас ја објаснив сегашната ситуација, со какви предизвици се соочуваме како нова влада, на економски и политички план, на планот на визите. Реков дека луѓето живеат во гето во Македонија и дека тоа на долг рок е неодржливо, дека имаме сериозна агенда за економски реформи, дека практично оваа влада е значајно фокусирана на економските реформи, но не помалку и на делот на одржување на стабилноста на државата и на натамошното градење мултиетничка доверба и на брзо решавање на проблемите. Подоцна разговаравме за перспективите на Република Македонија во ЕУ. Реков дека иако во ЕУ има прилично лоша клима за брзо проширување или за чекори кои што водат кон проширување, ние како влада ќе дадеме се што е во наша моќ да направиме што е можно посилен прогрес во наредната година и да се обидеме да го добиеме датумот за преговори што е можно побрзо. Побаравме поддршка од Германија, таа да ни овозможи, ако направиме прогрес, а јас сум цврсто убеден дека ќе направиме, тој прогрес за резултира и со прогрес во ЕУ. Таквиот пак прогрес во ЕУ,пак, ќе ни даде многу сила и енергија да продолжиме со прогресот на домашен план. Мислам дека господинот претседател ја сфати таа порака многу сериозно.

Разговарајќи за Косово ја истакнав важноста дека независно каква ќе биде разврската на Косово во смисла на тоа што ќе се одлучи, регионот треба да чекори што е можно побрзо кон ЕУ. Тоа нема да им остави простор на радикалните структури, кои во моментов немаат поддршка, за да се борат за поголема поддршка. Мислам дека германскиот претседател ја сфати поентата на ваквиот став и рече дека е потребно побрзо интегрирање на Македонија и на регионот и недавање простор на радикалните структури во регионот. Од тој аспект мислам дека во него имаме одличен поддржувач. “