1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Македонија го очекува заслужениот датум за почеток на преговори со ЕУ

СН/БГ/миа16 ноември 2012

Македонскиот премиер Никола Груевски на средба со граѓаните истакна дека по најпозитивниот извештај на Европската Комисија досега Македонија очекува датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

https://p.dw.com/p/16kI9
Фотографија: MIA

„ Четири години по ред добиваме позитивен извештај од Европската Унија, добивме визна либерализација, а сега сме во очекување да го добиеме она што го заслужува Република Македонија и сите граѓани, а тоа е да добиеме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, потенцира македонскиот премиер Никола Груевски на отворената трибина за граѓаните што се одржа вчеравечер во ОУ „11 Октомври“, во присуство на министри од Владата и претставници на партиското раководство на ВМРО- ДПМНЕ.

Груевски потсети дека неодамна Македонија го доби и најпозитивниот извештај за напредокот во евроинтеграциите, но останува, како што рече, да се постигне консензус внатре во Унијата. Тој посочи дека една земја членка на ЕУ  се спротивставува да се донесе одлука додавајќи дека е познато и од кои причини:

„Ние сме подготвени да разговараме, да бараме решение со таа земја - членка, но истовермено да внимаваме и на нашите национални и државни интереси. Ние ќе продолжиме со цела енергија да работиме на ова прашање, тоа е наш приоритет, наша заложба, но со цела енергија и да внимаваме во делот на почитување на државните и национални интереси“, рече премиерот Груевски.