1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Мора да се надмине статус кво ситуацијата за членство во НАТО

СН/АТ/миа12 ноември 2012

Македонскиот премиер Никола Груевски имаше обраќање на денешната пленарна седница, на последниот ден од 58.годишното заседание на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, што од 9-12 ноември се одржува во Прага.

https://p.dw.com/p/16hFI
Фотографија: MIA

Република Македонија ги исполнува реформите, а ги исполни и условите и критериумите за да стане членка на НАТО уште пред Самитите во Букурешт и во Чикаго. Осумдесет-деведесет проценти од народот во Македонија го поддржува членството во Алијансата и ги поддржува реформите и стандардите за кои сме поддржани од сојузниците, порача македонскиот премиер Никола Груевски во обраќањето во Прага. Тој истакна дека Македонија е придонесувач за светскиот мир со учество во мисиите на Алијансата и ќе продолжи така да се однесува се додека тоа е неопходно, јави новинската агенција МИА.

Според Груевски меѓутоа тоа за Македонија не може да биде утеха, бидејќи се’ уште тропа на вратата на НАТО. „Премногу долго трае подготвителниот процес за членство во НАТО. Дури и Меѓународниот суд во Хаг потврди дека ние сме во право во врска со специфичниот случај“, додаде шефот на македонската Влада.

Премиерот Груевски повтори дека Македонија и понатаму се обидува да ги надмине сите пречки и да ги подобри односите со соседите иницирајќи разни билатерални проекти. „Тоа го правиме бидејќи сметаме дека подобрите соседски односи се од полза за целиот регион на ЕУ и НАТО“, рече Груевски.

Anders Fogh Rasmussen Nato Brüssel Verteidigungsminister
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог РасмусенФотографија: Reuters

Расмусен: Вратите на НАТО се и натаму отворени

Тој изрази надеж дека Алијансата ќе упати покана за Македонија заслужено да стане нејзина членка. „Очигледно е дека мора ургентно да ја надминеме оваа статус скво состојба“, оцени Груевски.

Претседателот на македонската Влада изрази очекување на Самитот на ЕУ во декември, да бидат испочитувани четирите последователни препораки на Европската комисија и да биде одреден датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија.

На сесијата, покрај највисоките државни лидери на земјата домаќин се обрати и Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кој рече дека вратите на Алијансата се отворени и трендот на прашкиот Самит на НАТО пред десет години, за пристапување на нови членки продолжува.

Расмусен, најголем дел од својот говор посвети на трендот на намалувањето на буџетите за одбрана на земјите членки, поради актуелната економска криза и се заложи за спречување на нова т.н безбедносна криза.