1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски останува на своето

27 август 2008

Македонскиот премиер Груевски не знае за американски план за спорот со името. Не постои позитивна иднина за Македонија ако набрзо не влезе во НАТО, изјави американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Миловановиќ.

https://p.dw.com/p/F5Vt
Скопје: дали се наближува решавањето на спорот со името?Фотографија: DW

Наредната недела медијаторот на ОН во грчко македонскиот спор околу името, Метју Нимиц, ќе предложи план, веројатно последен. Клучната дискусија и евентуалното прифаќање би требало да се случат кон крајот на септември во Њујорк, на Генералното собрание на ОН и тоа во трилатерална средба САД, Грција и Македонија. Тоа е наводно план на САД, Македонскиот премиер Никола Груевски меѓутоа изјави дека не е запознат со постоење наводен американски план за спорот со името.

„Не мислам дека постои било каква иднина за Македонија која би била позитивна, без влез во НАТО и тоа набрзо, изјави американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Миловановиќ.

Таа е убедена дека спорот со Грција за името може да се реши пред истекот на мандатот на актуелниот американски претседател Џорџ Буш, но предуслов за тоа е македонското и грчкото политичко раководство сериозно да се фокусираат на решавање на проблемот.

„Прашање е дали македонското и грчкото раководство се подготвени сериозно да се фокусираат на проблемот и сериозно да бараат и да најдат компромисно решение?“, изјави Миловановиќ во прошталното интервју пред заминувањето од Македонија.