1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Подготвени сме за засилен мониторинг на локалните избори

АТ/ миа/ макфакс13 јануари 2013

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја повика опозицијата да се врати во Парламентот и да учествува на претстојните локални избори. Груевски потенцира дека владејачката партија е подготвена и за засилен мониторинг.

https://p.dw.com/p/17JEH
Фотографија: MIA

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на својата редовна седница на Извршниот комитет ги повикува СДСМ и нивните коалициони партнери да се вратат со свое учество во институционалните рамки на делување и низ дијалог во Собранието. Ставот на владејачката партија денеска го потврди и премиерот и лидер на партијата Никола Груевски.

„Посакуваме и повикуваме опозицијата да си се врати во Парламентот, таму
каде што и‘ е местото, таму каде што треба да има дијалог и треба да се решаваат проблемите. Да седнеме и да разговараме, да најдеме решение за сите проблеми, но низ дијалог, а не со тепачки, боксови, кршење чаши и не со тегнење и кинење на миркофоните, со закани, навреди, клевети и тн., како што доликува во секоја демократска земја. Да се врати во Парламентот и секако да си излезат на локалните избори, да не бегаат од локални избори“.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локани избори, оти тоа е и законска обврска, подвлече премиерот. Изборите ќе бидат слободни, фер и демократски, а подготвени сме и на засилен мониторинг, бидејќи имаме чиста намера, идеја, и сакаме да овозможиме најдобрите според граѓаните да победат“, изјави денеска премиерот Груевски.

Тој особено се осврна на барањето на опозицијата за засилен мониторинг. „Јас на минатите избори пред година и пол кажав дека не само што сме подготвени за засилен мониторинг, како што тоа го бара опозицијата. Не засилен, туку цел ОБСЕ на свет во Македонија да дојде и ги следи сите избирачки места и сите избирачки кутии целодневно, 12 часа плус уште колку сакаат по завршувањето на гласањето, ние сме подготвени да ги пречекаме, да им го овозможиме тоа, да ги поканиме, пред се‘, како држава. Така што од тој аспект немаме никакви дилеми дека незасилен, презасилен, туку најзасилен или не знам каков мониторинг нека дојде во Македонија ние имаме чиста намера, чиста идеја, ние не сакаме никаде да добиеме нешто што не заслужуваме, ние сакаме да овозможиме најдобрите според граѓаните да победат и да ги водат општините во Македонија“, рече премиерот Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во Средното учулиште „Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел во Скопје.

Тој посочи оти власта е отворена за секакви нови идеи и барања од опозицијата во однос на избирачкиот список со цел да не им се даде повод на политичките противници дека нешто се прави нелегално. ВМРО-ДПМНЕ победи три пати на парламентарните избори организирани во изминатите шест години, а секој обид од страна на СДСМ да се покаже нелегитимна оваа власт е само обид за манипулација со граѓаните,кој нема да им успее, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој ги отфрли наводите на опозицијата дека на 24 декември власта го загубила легитимитетот оценувајќи дека на тој начин опозицијата обидува да се извади за, како што рече, неуспешниот обид на Бранко Црвенковски и на неговите приврзаници да направат узурпирање на Собранието