1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски се надева на компромис со МПЦ

Горан Петрески24 ноември 2006

Премиерот Никола Груевски не успеа да ги убеди владиците дека на Македонија и треба полиберален закон за верски заедници.МПЦ не отстапува од ставот дека предложениот закон што наскоро треба да биде донесен ги задоволува во целост верските права и слободи.

https://p.dw.com/p/Adar

Владата пак за да ги задоволи барањата на ЕУ се обиде да обезбеди широк консензус за укинување некои одредби во законот,од странците оценети како репресивни.

-Јас го разбирам ставот на МПЦ,но ги објаснив и сите други проблеми со кои што се соочуваме и во духот на еден разговор се надевам дека како што ќе тече времето,така ќе правиме чекор по чекор до изнаоѓање заедничко прифатливо решение,изјави премиерот Груевски,кој вчера учествуваше на синодската седница.

Но црквата нема намера да попушти,отстапката би овозможила легализирање на т.н. Православна архиепископија на Вранишковски,а МПЦ не сака две паралелни верски групи од иста религија.Портпаролот на Светиот архиерејски синод,владиката Тимотеј вели:

-Останува уште да се доработува,да се даваат поинакви дефиниции кои што во суштина не би менувале многу во некои точки за кои МПЦ и порано ги кажувала своите ставови.

И Исламската верска заедница во Македонија е на иста линија со МПЦ,бидејќи не сака да се легализира Бектешката заедница во Тетово.Двете најбројни религиозни групи во Македонија добија поддршка од Советот за меѓурелигиска соработка,во кој членуваат петте верски заедници,кои се набројани во уставот.

Претседателот на Советот,Ратомир Гроздановски рече:

-Она што сега се бара,видоизменување на тој член, од некои влијанија однадвор,или пак од внатрешни влијанија протежирани преку туѓи надворешни барања,само мпже да го поремети црковсноот живеење,а не да го регулира.

Екс владиката Јован кој е во затвор поради финансиски малверазации,беше повод меѓународната заедница да ги критикува верските слободи и права во Македонија.Земјата подготви нов закон што ќе ја регулира оваа област,но експертите од ОБСЕ оценија дека новините не го донесуваат неопходниот степен на демократичност.